Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Со изгласаните интерпелации, членовите на Судскиот совет повеќе немаат никаков кредибилитет да продолжат со работа
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски: Со изгласаните интерпелации, членовите на Судскиот совет повеќе немаат никаков кредибилитет да продолжат со работа
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Со изгласаните интерпелации, членовите на Судскиот совет повеќе немаат никаков кредибилитет да продолжат со работа

Објавено March 12, 2025 14:14
Сподели
Сподели

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, денес одговори на новинарското прашање за очекувањата, по изгласувањето на интерпелациите за петмина членови на Судскиот совет.

Тој нагласи дека најмалку што очекува е морална одговорност и да ги напуштат позициите членовите на Судскиот совет, за кои вчера Собранието изгласа недоверба.

Па јас очекувам најмалку, морална одговорност и да ги напуштат позициите коишто ги имаат заробено, бидејќи јасно кажаа парламентарците, тие коишто ги избраа, дека тие го изгубија целиот кредибилитет. Дека тие повеќе немаат никаков кредибилитет, да бидат на тие места каде што се. Впрочем тоа тие го докажуваат со изборот на партискиот врховен судија, којшто доаѓа од Демократската унија за интеграција, којшто е вршител на должноста, знаете како гласа, не треба јас тука да објаснувам. Така што, со еден збор, последниот штит кој е во одбрана на поранешната владина коалиција СДСМ-ДУИ, се неколкумина обвинители и судии, објасни Мицкоски.

Премиерот напомена дека за него, се алармантни информациите коишто ги добива, којшто се поврзани со однесувањето на прв човек на едно обвинителство, кога слушнал за акцијата, којашто ја спроведуваше пред два дена, Министерството за внатрешни работи и Бирото за јавна безбедност.

На нив не им е местото таму. Ако сакаат да бидат дворско-партиски забавувачи, тогаш нивното место не е во обвинителството, туку е во оние големи хациенди коишто се изградени во Западна Македонија. Но доколку сакаат, навистина да имплементираат правдина, тогаш треба да го сменат своето однесување. Но, тоа што го слушнав како тој човек се однесувал, мислам дека многу скоро од денес ќе се кае. Но, тогаш се плашам, дека ќе му биде доцна, рече тој.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Еден од основачите на „Пајрат беј“ загина во авионската несреќа во Словенија
Следна Статија УСАИД масовно уништуваат докази и документи за „сработеното“ минатите години

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Се стабилизира состојбата на критичните пациенти од пожарот, од утре ќе се исплаќа помошта за семејствата на настраданите

Шест дена по трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, се намалува бројот на критичните пациенти кои се лекуваат во…

March 23, 2025
МАКЕДОНИЈА

Во „Пулс“ имало само два противпожарни апарати и еден хидрант, ама празен

Недостиг на основни противпожарни апарати, празен хидрант, заклучена помошна врата и отсуство на систем за пријавување пожар констатирала увидната екипа…

March 12, 2026
МАКЕДОНИЈА

Ни доаѓа ладен бран: За Водици појава на мраз, на 21 јануари снег

Територијата на Македонија во деновите кои што ни следуваат ќе биде под влијание на ладен воздушен бран кој ќе продре…

January 17, 2026
МАКЕДОНИЈА

Македонија добива поддршка: На билатералните прашања не им е место во преговорите за ЕУ, порачаа Плаколм и Грашич

Австриската сојузна министерка за Европа, интеграција и семејство, Клаудија Плаколм и словенечката државна секретарка во Министерството за надворешни и европски…

October 6, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?