Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ни доаѓа ладен бран: За Водици појава на мраз, на 21 јануари снег
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Ни доаѓа ладен бран: За Водици појава на мраз, на 21 јануари снег
МАКЕДОНИЈА

Ни доаѓа ладен бран: За Водици појава на мраз, на 21 јануари снег

Објавено January 17, 2026 09:55
Сподели
Сподели

Територијата на Македонија во деновите кои што ни следуваат ќе биде под влијание на ладен воздушен бран кој ќе продре од истокот и од североистокот на Европскиот Континент. Во ваква ситуација ќе имаме ладно време со појава на утрински минуси и појава на мразеви. Викендов ќе имаме зголемена облачност со локални слаби врнежи кои во пониските места (градовите ) ќе бидат од дожд и од снег а на повисоките населени места и на планините врнежите ќе бидат само од снег, најавува Славчо Попоски.

Според него станува збор за слаби и локални врнежи, па не се очекува формирање позначителна снежна покривка.

За Богојавление Водици на 19 Јануари (Понеделник) услови за слабо провејување на снег ќе има во јужните предели од Македонија а наутро температурите на овој празничен ден ќе се спуштаат во интервалот од -10 до 0 степени. Преку денот пак температурите кај нас ќе се искачуваат во интервалот од -2 до 6 степени. Во Скопје и околината на 19 Јануари за Богојавление Водици наутро температурата ќе се спушти до околу -4 степени а преку денот таа ќе се искачи до околу 3/4 степени.

За време на овој период ќе дува слаб до умерен ветер од источен и од североисточен правец.

Под влијание на нов влажен бран од Медитеранот нови врнежи, овој пат претежно од снег, ќе има во среда на 21 Јануари, тврди Попоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Пресврт во Ѕвездени Војни: Кетлин Кенеди се повлекува, Дејв Филони и извршниот директор Линвен Бренан ги преземаат јазите на Лукасфилм
Следна Статија Јужнокорејски суд изрече затворска казна за поранешниот претседател во случај на воена окупација

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Муцунски за „Еуроњуз“: Македонија останува на европскиот пат

Македонија останува цврсто посветена на европскиот пат и покрај предизвиците и застојот во процесот на европска интеграција, вели шефот на…

May 12, 2026
МАКЕДОНИЈА

Биљал Касами победи во Тетово

Кандидатот на коалицијата ВЛЕН, Биљал Касами, е во водство во вториот круг од локалните избори во Тетово со освоени 53,75%…

November 2, 2025
МАКЕДОНИЈА

Сашо Мијалков времениот отпуст од затвор го тера во Монте Карло, објави Вечер.мк

Се врти видео на порталите и социјалните мрежи дека Сашо Мијалков со Ферари од 700.000 евра е во Монте Карло……

January 8, 2025
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска Давкова: Нека 3 Декември биде симбол на надеж и повик за создавање инклузивна заедница, каде секој глас ќе биде слушнат!

Меѓународниот ден на лицата со попреченост нè потсетува на нашата обврска да изградиме општество на еднакви можности, каде поддршката и…

December 3, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?