Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Според ДЗС за 7.000 граѓани е зголемена вработеноста во третиот квартал, споредбено со лани
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Мицкоски: Според ДЗС за 7.000 граѓани е зголемена вработеноста во третиот квартал, споредбено со лани
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Според ДЗС за 7.000 граѓани е зголемена вработеноста во третиот квартал, споредбено со лани

Објавено December 12, 2025 15:39
Сподели
Сподели

Третиот квартал оваа година, споредено со третиот квартал минатата година, има седум илјади и повеќе вработени на сметка на седум илјади помалку невработени. Односно, ако во третиот квартал минатата година имало околу 698 илјади вработени, сега има 705 илјади. Минатата година, во третиот квартал, имало 98.000 невработени, а сега има 91.000, што значи дека бројот на вработени и невработени пропорционално се зголемува односно намалува, одговори на новинарско прашање претседателот на владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, осврнувајќи се на најновите податоци од Државниот завод за статистика, во врска со информација за движењето на невработеноста.

Премиерот Мицкоски се осврна и на трендот што голем број иселени македонски граѓани одлучуваат да се вратат во државата и тука да отпочнат свој бизнис.

-Охрабрува трендот што голем број од македонските граѓани, последните десет години поради состојбата која што беше во државата кои што одлучија да заминат, полека се враќаат. Голем дел од луѓето кои што тогаш заминаа, еве остваруваат контакти со мене или со голем дел со институциите во Владата и одлучуваат да се вратат и повторно тука да го продолжат својот живот, што исто така е охрабрувачки тренд. Тоа значи дека ќе се зголемува бројот на вработени, ќе се зголемува бројот на луѓе кои што ќе отпочнат свој бизнис или пак ќе најдат начин како да работат тука, дома, наместо некаде надвор, бидејќи и таму, гледате, состојбата каква е, со многу проблеми, обременета. Така што тоа е тренд кој што охрабрува, и јас сум уверен дека тој тренд ќе продолжи. Така што овој параметар е добар и охрабрувачки, изјави премиерот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Реакција на Стопанска банка АД Битола во врска со прес-конференцијата на СДСМ
Следна Статија Ивановски: Проклетството на Трамп и како Македонците да ја преживеат европската апокалипса

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Николоски – Табаро: Одличната соработка ќе ја надградуваме во делот на железницата, автопатиштата и ависобоораќајот

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во рамки на работната посета на Франција, утрово остварил средба со министерот за…

June 25, 2025
ЕКОНОМИЈА

Народната банка е насочена кон зајакнување на регулаторните, известувачките и супервизорските практики во управувањето со климатските ризици

Народната банка навреме ги препозна ризиците од климатските промени и зазеде проактивен став вклучувајќи ги климатските ризици и придонесот кон…

December 13, 2024
ЕКОНОМИЈА

Увозници го тарифирале месото со пониски царински стапки за да избегнат плаќање давачки

Во пет случаи при контроли на увоз на месо е остварена дополнителна наплата од 11 милиони денари или 178,9 илјади…

May 20, 2025
ЕКОНОМИЈА

Димитриеска-Кочоска: Ги консолидиравме и стабилизиравме јавните финансии, потврда добивме и од „Фич“

Покрај сите предизвици со кои се соочивме успеавме да ги консолидираме, да ги исконтролираме и да ги стабилизираме јавните финансии…

October 6, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?