Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Таравари одлучи да се приклучи на блокот на криминалот
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски: Таравари одлучи да се приклучи на блокот на криминалот
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Таравари одлучи да се приклучи на блокот на криминалот

Објавено May 19, 2025 13:23
Сподели
Сподели

Блокот на криминал и минатото и оној на иднината и просперитетот на Македонија се двата блока, кои ќе се спротистават на претстојните избори, истакна премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања по промоцијата на нови пристапи во третман на лица прекршители на законите во Тренинг центарот во Идризово.

Според него, Арбен Таравари одлучи да се приклучи на првиот блок, појаснувајќи дека на политичкат асцена неделава многу работи ќе бидат појасни.

– Реалната политика е работа на можното. Јас сум свесен за тоа. Неделава ќе има многу работи појасни. Но, едно е јасно, дека на помалку од пет месеци од почетокот на кампањата за локалните избори се дефиренцираат два блока. Едниот е блок од минатото, блокот на криминал, корупција, срам, пљачка, блок кој тесно коалицираше со криминални банди. Повремено спортуваше во своите кабинети, играше фудбалчиња, баскет. Често пати се однесуваше, безобзирно кон граѓаните и знаеше да го збогати својот возен парк или возниот парк на своите најблиски со по некој „мајбах“, автомобил кој вреди неколку стотици илјади евра, додека граѓаните едвај врзуваа крај со крај во месецот. Имаше и такви кои беа љубители на недвижности па купуваа цели трговски центри… Тоа е едниот блок на кој за жал Арбен Таравари одлучи да му се приклучи и другиот е Блокот на чесните граѓани, блокот на Македонија, кој што сака да види една богата успешна земја во која ќе нема повластени, нема да се играат фудбалчиња во владините кабинети, туку ќе се работи, ќе се испорачува за граѓаните, рече Мицкоски.

Во однос на позицијата на вицепремиерот Арбен Фетаи, кој беше кадар на ВРЕДИ од АА, тој потенцира дека неделава ќе има средба со раководството на партијата.

– Оваа недела ќе бидат многу работи појасни. Очекувам да се видам со луѓето во ВРЕДИ и да поразговараме за иднината на Владата, коалицијата со една јасна програма до локалните избори и потоа. Многу работи ќе бидат познати оваа недела, повтори Мицкоски.

Прашан за коментар за изјавата на дел од функционери на ВРЕДИ за можно премниување пратеници од ДУИ на страна на мнозинството, рече дека политиката е работа на можното.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Гатузо: На Трајковски му должам голема благодарност, слободно можеше да ме испрати каде што не треба
Следна Статија Управниот суд го поништи како незаконит изборот на уставната судијка Елизабета Дуковска, која е известителка за предметот за законот за јазиците

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски од Тирана: Македонија останува решително ориентирана кон европските интеграции

Премиерот Христијан Мицкоски денес присуствува на Самитот на лидерите „Нашиот пат кон ЕУ“, кој се одржува во Тирана, Албанија. -Овој…

November 21, 2025
МАКЕДОНИЈА

Трпеноски: Надлежните во Обвинителство итно да постапуваат по сомнежите за криминали во и од ФИТР

Обвинителството веднаш да се фати за работа, да ги разгледа пријавите и сите сомнежи за сторениот криминал во Фондот за…

November 3, 2024
МАКЕДОНИЈА

Mистеријата останува нерешена: 30 години од атентатот врз Киро Глигоров

На 3. октомври во 1995 година беше извршен атентат врз првиот претседател на независна Република Македонија, Киро Глигоров. Глигоров со…

October 3, 2025
МАКЕДОНИЈА

Денеска се одбележуваат 115 години од раѓањето на Мајка Тереза

Денеска се одбележуваат 115 години од раѓањето на Мајка Тереза (вистинското име и е Агнеса Гонџа Бојаџиу). Таа е родена…

August 26, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?