Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Филипче и Заев имаат ист вирус, со рака на срце лажат, но за истиот има лек и тоа е народот
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Мицкоски: Филипче и Заев имаат ист вирус, со рака на срце лажат, но за истиот има лек и тоа е народот
ПОЛИТИКА

Мицкоски: Филипче и Заев имаат ист вирус, со рака на срце лажат, но за истиот има лек и тоа е народот

Објавено October 15, 2025 08:27
Сподели
Сподели

На вчерашниот митинг во Крива Паланка во рамките на кампањата со слоган „Вистинскиот избор! Со твојот човек! За твоето место! За твојата иднина!“ за локалните избори кои ќе се одржат во недела на 19 октомври, се обрати претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при што порача дека Паланка заслужува промени затоа што на овие избори се одлучува за иднината на вашата општина и добро се знае дека СДСМ не е никаква алтернатива, туку партијата која е длабоко заглавена во бизнис спрегите на тие што ја водат.

Мицкоски се осврна на тоа што го зборува Венко Филипче на митинзите на СДСМ, при што додаде дека не може да поверува дека тоа го слуша за што нема ни логично објаснување зошто вака зборува, како човекот да е нов и како прв пат да се занимава со политика, а заборава дека беше главна перјаница заедно со неговиот ментор и гуру, Зоран Заев во претходните влади на СДСМ кога се ограбуваше и уништуваше Македонија.

„Сега дошол овде и ни кажува како тој ја доживува реалноста. Не сфаќам како може човек без образ да зборува и да се прави дека е некој друг. Тоа во медицината го викаат патологија. Патологија својствена за еден човек што ставаше рака на срце кога се колнеше во македонската жица. Но, очигледно, тоа било заразно, па тој вирус денес го има фатено и овој нов претседател на СДСМ, Венко Филипче. Вирусот започнува со чувство на самодоверба. Расте, расте … додека не прерасне во чувство на божественост. Следниот симптом? – раката на срце! Човекот што го има вирусот, инстинктивно, што и да зборува, ја става раката на срце и се колне. Понекогаш звучи чудно, невообичаено, дури и непотребно … Но, симптомот е таков“, рече Мицкоски.

Додаде дека вториот симптом е да се прави како да не е од овде, како да е нов, чист, чесен, и како да не го познаваме.

„И што е најинтересно, понекогаш и самиот верува во тоа што го зборува. А кога не верува тој, верува тогаш оној што му дава насоки и му го пишува говорот. Потоа доаѓа втората фаза, а тоа е заборавањето. Заборава дека другите го знаат. Заборава дека имал шанса да направи нешто. И не само што ја прокоцкал, туку е директно виновен. За трагедии. За корупција. За предавства. За срам, којшто и го нанел на својата држава“, истакна Мицкоски.

Мицкоски понатаму, посочува дека еден од критичните, а можеби најкритични симптоми на вирусот, е јахтата, каде носителот на вирусот добива невидена желба за луксуз.

„Се вози на јахта, мисли дека плови над реалноста. А најсилниот симптом, тоа што не реагира на ниедна вакцина, е лажењето. Тоа е неверојатно! Што да каже човекот, апсолутно е невистина и лаже. Измислува реалност што му одговара и живее во неа како да е нормално“, рече Мицкоски и додаде дека „за овој вирус има две вакцини, каде првата делумно помага, а втората, целосно лекува“.

„Првата се вика Харис Џиновиќ. Кога ќе слушне негова песна, кај носителот на вирусот се појавува едно убаво чувство на еуфорија, што ги смирува симптомите за кратко време. Но, само за кратко. Вистинскиот лек е друг. Тој е сериозен, темелен, опасен за сите што се заразени со овој вирус. Лек што не заборава. Лек што не се потценува. Лек што го враќа човекот во реалноста со тресок, директно на земја. Таа вакцина е силна. Достоинствена и во согласност со сите демократски стандарди. Таа вакцина, тој лек се вика народот на Македонија и тој народ ќе им се случи за неколку дена од денес, на 19 октомври. Народот е лекот, лекот за да се освестат и да престанат да го потценуваат! Народот никогаш не заборава. Народот помни и помни добро, а помни за да не се повтори. Народот е лекот и со силата на тој лек, Македонија ќе победи. Ќе го победи вирусот што го зафати ова раководство на СДСМ, вирусот на ароганција, потценување, корупција и несфатливо однесување“, порача претседателот Мицкоски од Крива Паланка

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Филипче од Битола: Економијата е заглавена, инфлацијата галопира – Мицкоски ја влече државата назад
Следна Статија Познатиот црногорски пејач се прости од Панчо: Од првиот ден те гледав како бра

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Кина со реакција до Милошоски за средбата со делегација на Тајван

Амбасадата на Народна Република Кина во Македонија упати силна реакција до пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски, откако тој заедно со…

November 21, 2025
ПОЛИТИКА

Мицкоски од Сарај: Повикувам на масовно гласање за кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за да не дозволиме да се вратат оние што 20 години ја уништуваа Македонија

Според сите анкети, според јавното мислење, но и според граѓаните и перцепцијата, генерално, јасно е дека на овие локални избори…

October 16, 2025
ПОЛИТИКА

СДСМ: Борко Ристовски треба да си поднесе оставка за резил олимпијада и за хаосот во спортот

Македонија беше понижена, посрамотена и претставена како земја од 19-от век пред очите на меѓународната спортска јавност и тој резил…

August 3, 2025
ПОЛИТИКА

Муцунски од ПССЕ: Не постои случај каде бугарското малцинство било дискриминирано во нашата земја

Денеска министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски зема учество на есенската сесија на Парламентарното собрание на Совет…

October 3, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?