Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Николоски: Стево троши си ја пензијата и не туку дели „ум“ на светските лидери
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Николоски: Стево троши си ја пензијата и не туку дели „ум“ на светските лидери
ПОЛИТИКА

Николоски: Стево троши си ја пензијата и не туку дели „ум“ на светските лидери

Објавено March 9, 2025 08:52
Сподели
Сподели

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, жестоко го нападна поранешниот претседател Стево Пендаровски, обвинувајќи го дека по десет месеци молк, сега се појавува во јавност само за да го напаѓа премиерот Христијан Мицкоски и поддршката на ВМРО-ДПМНЕ за американскиот претседател Доналд Трамп.

Човекот што двапати загуби претседателски избори, вториот пат со историски најголема разлика, сега реши да излезе во јавност и да напаѓа. Наместо да се соочи со сопствениот неуспех, тој арогантно дели ‘ум’ на светски лидери, а самиот не се гледа“, напиша Николоски на Фејсбук.

Тој го обвини Пендаровски дека, иако ветил, не се откажал од доживотната пензија што ја добива на товар на граѓаните, а истовремено напаѓа стратешки партнери како САД.

„Пендаровски кој зема пензија од државата сега го напаѓа претседателот на нашиот најголем сојузник, САД. Дали е тоа патриотизам или чиста фрустрација од изборниот пораз?“, праша Николоски.

Тој дополнително го обвини поранешниот претседател дека за време на неговиот мандат ја злоупотребувал Агенцијата за разузнавање за да фабрикува извештаи против ВМРО-ДПМНЕ, обидувајќи се да ги претстави како „проруски, антизападни и антиамерикански“.

„За мене слушам напишале дека сум претставник на ‘иранско-турско-унгарско’ влијание. Па, замислете, толку ги плашеше ВМРО-ДПМНЕ, што сакаа половина од носителите на нашите листи да завршат на црна листа, само за да се спасат од пораз!“, обвини Николоски.

На крајот, тој му порача на Пендаровски да не ја руши позицијата на Македонија и да се фокусира на своето пензионирање.

„Стево, троши си ја пензијата и не се брукај. Дружи се со пријателите од Агенцијата за разузнавање додека можеш!“, заклучи Николоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија На Пендаровски не му е нормално новото нормално на Трамп
Следна Статија Сензација: Ѓоковиќ елиминиран во првиот меч на Индијан Велс

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Манасиевски: Ристоска и Бубевски како Алфа и Омега во СЈО, Јанева ги делела предметите по насока од СДС и Заев

Професионалците Ленче Ристоска и Гаврил Бубевски се однесувале како Алфа и Омега во СЈО, а денес се прикажуваат како жртви,…

February 10, 2026
ПОЛИТИКА

СДСМ со ново предупредување: По Албанија и Косово, Македонија е следна дестинација во мигрантските планови на западните земји

СДСМ и денеска отвори прашањето за мигрантските договори за кои, според опозициската партија, деновиве известуваат повеќе европски и светски медиуми.…

December 10, 2025
ПОЛИТИКА

Османи бара оставка од Меџити

Кандидатот за градоначалник на Чаир од ДУИ, Бујар Османи, денеска упати критики до министерот за животна средина Изет Меџити и…

September 14, 2025
ПОЛИТИКА

На местата каде ЗНАМ ќе има свои кандидати за градоначалници, ВМРО-ДПМНЕ ќе не поддржи, вели Димитриевски

Претседателот на Движењето ЗНАМ – за наша Македонија и актуелен градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски денеска во изјава за медиумите…

June 28, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?