Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Царините што ни ги воведе САД се очекувани, ќе се обидеме да потпишеме договор за слободна трговија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Мицкоски: Царините што ни ги воведе САД се очекувани, ќе се обидеме да потпишеме договор за слободна трговија
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Царините што ни ги воведе САД се очекувани, ќе се обидеме да потпишеме договор за слободна трговија

Објавено April 3, 2025 21:10
Сподели
Сподели

Царините од 33 отсто што ни ги воведе САД се очекувани. Тоа беше јасно веднаш после инаугурацијата на претседателот Доналд Трамп и тој тоа го кажа. Ни една земја во Европа не беше подготвена за тоа и никој не се подготвува претходно. Кога е проблемот тука се седнува на маса и се разговара, порача вечерва премиерот Христијан Мицкоски.

Нагласи дека предложил да се потпише договор за слободна трговија со САД и додаде дека и во нашиот царински тарифник за некои групи на производи имаме царини повисоки од 60 проценти.

-Уште во јануари со тогашниот заменик на помошникот државен секретар, Александар Касаноф разговаравме за потпишување на билатерален договор во рамките на Стратешкиот дијалог меѓу двете земји во делот на економијата и трговијата. Уште тогаш почнавме знаејќи дека ќе следат вакви процеси. Мислам дека тоа беше вистинскиот пат кој почнавме да го чекориме. Потоа како дел од целиот овој процес од наша страна се предложи да потпишеме договор за слободна трговија со САД и да нема царини. Дадов налог нашите надлежни институции да видат дали можеме да потпишеме ваков договор согласно важечките договори и истото му го предложив на државниот секретар за трговија на САД, Хауард Лутник. Денеска разговор на оваа тема со него во Брисел имаше и министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски, како и со уште еден висок претставник на Белата куќа одговорен за Балканот. Од сите страни ова е поздравено како одлична идеја, рече Мицкоски во интервју за ТВ Алфа.

Доколку е возможно и доколку го направиме, потенцира, би било исклучителен чекор напред со кој би се потврдило и запечатило Стратешкото партнерство.

За воведувањето на американските царини кон ЕУ во износ од 20 проценти рече дека ќе имаат секундарни ефекти врз нашата економија, бидејќи не е битна земјата на потекло, туку каде одат парите.

-Очекувам дијалогот помеѓу ЕУ и САД, што ќе се развие во периодот кој што следи, да резултира со договор и дека ќе изнајдат начин да најдат решение или излез од оваа ситуација. Тоа е поголема опасност бидејќи ние во суштина во 2024 година според податоците на нашиот Државен завод за статистика во САД имаме извезено стока во вредност од околу 110 милиони евра, а увезено 180 милиони евра и сме во дефицит. Оваа година во јануари имаме суфицит и имаме извезено околу 21 милион евра, а имаме увезено 12 милиони евра. Како производ најмногу извезуваме автобуси кои ги произведува странскиот инвеститор во Скопје. Тие како потекло се од тука, а земјата која ги продава е Белгија, бидејќи таму е седиштето на компанијата, појасни Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Автомобил вечерва излета во Вардар
Следна Статија (ВИДЕО) Уапсен возачот кој со мопед удри дете и избега

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Банките имаат повеќе од два месеца да ги променат условите за кредитите за прв стан

Банките имаат повеќе од два месеца за подготовка и проценка за примена на новите правила на Народната банка при давањето…

September 24, 2025
ЕКОНОМИЈА

Боријан Борозанов: Во Европа 25% од возилата имаат вградени катализатори произведени во Македонија

Во најновото издание на поткастот „Бизнис-клуб“ гостин на претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески е м-р Боријан…

January 8, 2026
ЕКОНОМИЈА

ССМ на 28. јануари излегува на протест

Претседателот на Советот на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов информира дека донеле одлука за протест во среда на 28-ми јануари.…

January 24, 2026
ЕКОНОМИЈА

Воспоставена електронска размена на податоци за пензиско и инвалидско осигурување со Австрија

Фондот на пензиско и инвалидско осигурување потпиша Договор за редовна размена на давања и податоци за смртност со институциите за…

June 15, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?