Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: ЈО да постапува по доказите на Арсовска, има вистина дека зад неа стои ДУИ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски: ЈО да постапува по доказите на Арсовска, има вистина дека зад неа стои ДУИ
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: ЈО да постапува по доказите на Арсовска, има вистина дека зад неа стои ДУИ

Објавено June 1, 2025 14:13
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски смета дека Обвинителството треба да се остави да постапува по доказите поднесени вчера од скопската градоначалничка Данела Арсовска во врска со незаконски легализирани дивоградби во општина Чаир, а неа ја охрабри да пријави во МВР дека добива закани по живот. 

-Доколку доказите се доставени до Јавното обвинителство, предлагам да го оставиме Јавното обвинителство да сработи и, се разбира, доколку има такви докази да се постапува по истото. Тука нема дилема, ние не можеме да санкционираме или не санкционираме други, законот мора да важи за сите. Но, да го оставиме ЈО да сработи и да видиме што е тоа што е доставено. Исто така, јас навистина жалам ако градоначалничката добива закани по живот, и ја охрабрувам веднаш да појде во Министерството за внатрешни работи и да ги пријави, а  МВР да испита кој е заканувачот и веднаш да постапува по истото, изјави Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања при посетата на Институтот за јавно здравје. 

Премиерот одговори „има вистина во тоа“ прашан за коментар за изјавите на градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу, и вицепремиерот Изет Меџити – дека градоначалничката Арсовска „се користи како инструмент од ДУИ за дестабилизација пред локалните избори“.

-Па има вистина  тука, и тоа, впрочем, им е јасно на сите. Но, јас не би имал повеќе да додадам од тоа што го кажаа г. Меџити и г. Ганиу. Има вистина и многу скоро јавноста ќе дознае и некои други детали, рече Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски ги отфрли обвинувањата од СДСМ дека заедно со Коцевски штити началник на СВР Штип
Следна Статија Педесет проценти од царините ќе бидат усогласени со Европскиот царински тарифник почнувајќи од 1 јули , останатите 50 проценти од 1 јануари

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Ултиматум од „Маршот за ангелите“: Од 3 октомври нема веќе маршеви, туку блокади и протести

Институциите во Република Македонија имаат рок до 3 октомври. Нема да има повеќе мирни маршеви, туку протести и блокади. Ова…

September 27, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Во секое време сум подготвен на разговор за каква било идеја за национално помирување

Премиерот Христијан Мицкоски во новогодишното интервју за МИА нагласува дека е подготвен во секое време да разговара со кој било…

January 2, 2025
МАКЕДОНИЈА

Агелер: Внимателно ги следиме случувањата во правосудниот систем

Американската амбасада во земјава будно ги мониторира последните случувања во правосудниот систем и сака да види дека законот се почитува,…

February 19, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Нека Божиќ ни даде нова сила да работиме заедно и да создаваме големи дела за доброто на сите граѓани

Премиерот Христијан Мицкоски упати божиќна честитка во која посака да го поминеме овој празник во духовен мир, со радост во…

January 7, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?