Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Ќе се повлечам од политиката ако Филипче најде еден мигрант, во спротивно да се извини јавно
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски: Ќе се повлечам од политиката ако Филипче најде еден мигрант, во спротивно да се извини јавно
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Ќе се повлечам од политиката ако Филипче најде еден мигрант, во спротивно да се извини јавно

Објавено December 10, 2025 15:33
Сподели
Сподели

Граѓаните треба да знаат каква е состојбата, СДСМ нема тема, притисокот е голем за Венко Филипче од внатре и од надвор да си замине и сега наеднаш пи-ар тимот му вели, сега темата ќе бидат мигрантите, еве два таблоиди во Велика Британија објавија и сега ајде на оваа тема да се закачиме и да ја туркаме, мислејќи дека на тој начин политички ќе преживее и ќе собере луѓе околу себе, вели претседателот на Владата, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање.

Мицкоски му порача на Венко Филипче, Фрчкоски и Жерновски дека е спремен да се повлече од политиката доколку најдат еден мигрант во Македонија, во спротивно како што рече тој да се извинат јавно.

Две тези имаше денешната прес-конференција. Првата се мигранитите, а втората недостасуваше во буџетот 1 милијарда евра, околу 60 милијарди денари и дека договорот со Велика Британија бил тие да ни ја покријат оваа дупка, а ние да прифатиме илегални мигранти. Од прилика ова беше. Но, ајде сега да видиме каква е суштината и вистината. Прво политички да му одговорам на раководството на СДСМ, бидејќи го спомна пролет, оставам простор до пролет Венко Филипче заедно со професорот Фрчкоски, со Андреј Жерновски, да бараат низ Македонија и да најадат мигрант кој што е дел од овој договор со Велика Британија, или било каков договор и ако најдат еден, јас трајно ја напуштам политиката. Во спротивно они да ми се извинат мене и на граѓаните, што шират паника без потреба. Мислам дека е фер, еве ова јас го давам како понуда. И ова ќе важи бесконечно, додека сум јас претседател на Владата, рече Мицкоски и додаде:

Додека тие зборуваат за милијарди кои недостасуваат, веќе 10 милијарди во првите пет дена од декември влегоа во буџетот. И сега не се веќе 300 милијарди, се 310 милијарди денари приходи. Но, никој од нив не ја коментира расходната страна, бидејќи и приходната и расходната страна на Буџетот одат паралелно. Тие што следат економија и економистите знаат за што зборувам. За да ви фалат во буџетот и да треба вие тој буџетски дефицит да го покриете потребно е и расходите да бидат согласно планирањата. Нас расходите ни се помали, односно штедевме и во име на тоа, се случува сето ова кое што јас денес го зборувам. И приходите и расходите се пратат едни со други и на крај кога ќе ги споредите капиталните инвестиции и буџетскиот дефицит, тие горе доле ќе бидат исти. Што значи дека ние нема да се задолжиме да го зголемиме долгот. Напротив, до крајот на годината тој долг ќе биде помал, од оној кој што сме го имале. И еве втора работа ќе кажам, следната година треба да вратиме нешто повеќе од 2,2 милијарди евра. Ќе ги вратиме сите тие пари кои што тие претходно ги украдоа, и за Стабри и за марихуаните и за ред други скандали кои што ги имаа во минатото. Се надевам дека сега новиот обвинител и ослободеното обвинителство многу поефикасно и многу послободно ќе работат, отколку овој октруираниот кој што конечно заминува односно ќе замине од таму каде што е сега.

Мицкоски посочи граѓаните да не се грижат, бидејќи нема да има мигранти.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Поднесена е иницијатива за одземање на имунитетот на пратеникот од Левица поради сообраќајната несреќа во која загина малолетник
Следна Статија Собранието го донесе Буџетот за 2026 година

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

(ФОТО) Се развеаја знамињата, ечи македонска песна: Коњаниците пристигнаа во Ѓорче Петров

Се развеаја знамињата, ечи македонска песна. Коњаниците пристигнаа во скопско Ѓорче Петров. Започна маршот на здружената Коњаница „Бигорски Манастир Патот…

July 25, 2025
МАКЕДОНИЈА

Бобан, комуналецот во Карпош за кој бараат награда: Никогаш не го видов да седи

Советничката во Општина Карпош, Татјана Стојановска од советничката група „Независни за Карпош“, јавно побара награда за комуналниот работник Бобан, кој,…

September 26, 2025
МАКЕДОНИЈА

Коцевски: Ако се утврди тешка дисциплинска повреда самиот ќе се повлечам, јавноста ќе цени дали ќе бидам разрешен на законит начин

Републичкиот обвинител Љупчо Коцевски изјави дека ќе се произнесе по предлогот за негово разрешување откако Владата ќе го достави до…

February 18, 2025
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска-Давкова: Ова што се случува со Владата на Жељазков се разбира дека се одразува на односот кон актуелните прашања

Сите бугарски влади досега имаа проблем со опстојувањето и ова што се случи со Владата на премиерот Росен Жељазков, некако…

December 3, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?