Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: МКД.Мк: Капушевски во 2019-та увезувал отровен мазут од Хрватска
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > МКД.Мк: Капушевски во 2019-та увезувал отровен мазут од Хрватска
МАКЕДОНИЈА

МКД.Мк: Капушевски во 2019-та увезувал отровен мазут од Хрватска

Објавено March 13, 2025 08:52
Сподели
Сподели

Компанија РКМ на Ратко Капушевски  во повеќе наврати увезла цистерни на смеса на мазут со употребено масло од трансформатори од Хрватска, кое претставува опасен отпад, објави порталот МКД.МК на 20 декември 2019 година .

МКД.Мк потсетува дека за редакцијата тогаш тоа го потврдиле хрватските власти, но не и македонската царина која одговорила дека „нема основа за сомневање за увоз на материи штетни за здравјето“.

Хрватските власти за МКД.Мк информирале дека „се работи за превоз на опасен отпад. Затоа покренавме постапка поврзана со враќање на испраќачот, покренување на постапка, даден е и налог за прекршочна постапка во согласност со царинското законодавство“.

Наспроти предупредувањата на хрватските власти кога цистерните дошле до македонската граница со такво предупредување, македонската царина го утврдила токму спротивното.

„Во врска со Вашето прашање, информираме дека е направено истражување како од наша страна, така и од страна на хрватските надлежни институции и по направената хемиска анализа утврдено е дека нема неправилности во документацијата ниту во декларираната стока и таа е ослободена. Хрватските надлежни институции направиле анализа во однос на штетноста на стоката и согласно со резултатите добиени по направените анализи немаме основа за сомневање за увоз на материи штетни за здравјето. Од наша страна известен е Државниот пазарен инспекторат, кој дополнително ќе преземе мерки за контролирање на исправноста на стоката по нивна надлежност“, одговори тогаш од Царинската управа на Македонија за МКД.Мк.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (Видео) Земјотрес го погоди Неапол среде ноќ: oштетени автомобили, повредено лице извлечено од урнатините
Следна Статија За да ги “скријат” парите од матните мазутни зделки за ТЕЦ Неготино, префрлале и ваделе кеш преку фиктивни договори

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Полициски службеници успешно евакуираа припадник на македонската Армија од огнената стихија

Полициски службеници успешно евакуираа припадник на македонската Армија од огнената стихија, се вели во Фејсбук статусот на министерството за внатрешни…

July 27, 2025
МАКЕДОНИЈА

Муцунски: Ние сме една од ретките земји што имаат стратешко партнерство со САД

За време на работната посета на Австралија, дадов две интервјуа за најголемиот австралиски јавен сервис SBS, на македонски и англиски…

February 18, 2025
МАКЕДОНИЈА

Стојаноски: Со власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ растат платите во образование, здравство, полиција, армијата и администрацијата

На гостувањето на поткастот „ВМРО-ДПМНЕ Зборува“, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски го пофали договорот на Владата за покачување на платите…

November 24, 2024
МАКЕДОНИЈА

По смртта на Фросина, Стојаноски најавува законски измени: Поголеми казни и да не може еден судија да толкува на еден, а друг на друг начин

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојановски истакна поддршка денешниот протест на граѓаните по смртта на 22-годишната Фросина Кулакова, и најави дека…

January 31, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?