Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Младите македонски кошаркари подобри од Германија во Баскет 3х3
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Младите македонски кошаркари подобри од Германија во Баскет 3х3
СПОРТ

Младите македонски кошаркари подобри од Германија во Баскет 3х3

Објавено July 24, 2025 09:52
Сподели
Сподели

Во рамките на третиот натпреварувачки ден на Европскиот Младински Олимписки Фестивал – ЕМОФ Скопје 2025, младите кошаркари и ја донесоа вкупно втората победа на Македонија на ЕМОФ, совладувајќи ја Германија во Баскет 3х3 со резултат 14:10. Најефикасен во нашиот тим беше Благојче Димитриовски со 10 постигнати поени, Ѓоровиќ постигна два, додека по еден реализираа Марковски и Стојановски. По синоќешната победа над Литванија 14:11, девојките денеска убедливо беа поразени од Германија 4:21.

Во останатите екипни спортови, македонските репрезентации повторно останаа без триумф. Најблиску до победа беше машката кошаркарска репрезентација, која по продолжение загуби минамално од Летонија со 97:98, додека девојките беа декласирани од Германија со убедливи 18:91. Младите ракометари трет пат загубија, овој пат од Исланд со 27:36, додека ракометарките беа поразени од Норвешка со 23:31. Порази доживеаја и одбојкарските селекции, момчињата од Белгија со 0:3 и девојките од Турција 0:3.

Третиот ден го одбележа и стартот на натпреварите во маунтајн бајк, што се одржаа во Куманово. Во машка конкуренција триумфираше Ларс Пирс од Белгија со време 59:06 мин, додека кај жените златниот медал го освои Швајцарката Јаел Клаусер со резултат 55.56 мин.

Во фокусот на атлетските возбудувања во националната арена „Тодор Проески“ се најде натпреварувањето во машка конкуренција во скок со височина, во кое двајцата најдобри прескокаа иста височина од 2,15 метри. Поради помалку обиди за скок, златото му припадна на Гркот Харалампос Алвизатос, додека Чехот Војтех Зајичек со идентична прескокната височина мораше да се задоволи само со сребрениот медал.

Јере Пенти Филјами од Финска се закити со златниот медал во фрлање копје со фрлени 74,54 метри, додека во трката на 5 км брзо одење триумфираше Италијанецот Николо Видал со време од 20 минутри, 22 секунди и 43 стотинки.

Пливачките натпревари во Олимпискиот базен во Скопје исто така донесоа многу возбудувања. Во финалната трка на 200 метри мешано во машка конкуренција најбрз беше Британецот Остин манли со време 2:07.23 мин., додека на 100 метри слободно, до златото исплива Италијанецот Даниеле Фиорели со резултат 51.89 секунди.

Во трката на 200 метри пепрутка кај мажите триумфираше Арел Гултекин од Турција со време 2:00,33 мин, додека на 100 метри градно во женска конкуренција најбрза беше Унгарката Петра Пуза со резултат за злато од 2:30,75 мин.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Цените на становите не се реални, потребно е системско делување за квадратот да падне
Следна Статија Постара жена сакала со бомба да го убие Нетанјаху

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Ферстапен четврти пат по ред ја освои титулата во Формула 1

Холанѓанецот Макс Ферстапен од тимот на Ред Бул ја освои својата четврта последователна светска титула во Формула 1 откако заврши…

November 24, 2024
СПОРТ

Ферстапен победи во Јапонија

Макс Ферстапен победи на трката за Големата награда на Јапонија. На култната патека во Сузука, актуелниот светски првак победи пред…

April 6, 2025
СПОРТ

Стојановски: Без разлика на каков терен ќе играме, ние сме подготвени

Македонската фудбалска репрезентација утре ќе му гостува на Казахстан во својот четврти натпревар во квалификациите за Светското првенство 2026. „Црвено-жолтите“…

June 8, 2025
СПОРТ

Натпреварот Алкалоид – АЕК нема да се игра

Реваншот Алкалоид – АЕК во ЕХФ Европскиот куп нема да се одигра, откако грчкиот тим одлучи да не истрча на…

May 25, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?