Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Младите македонски кошаркари подобри од Германија во Баскет 3х3
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Младите македонски кошаркари подобри од Германија во Баскет 3х3
СПОРТ

Младите македонски кошаркари подобри од Германија во Баскет 3х3

Објавено July 24, 2025 09:52
Сподели
Сподели

Во рамките на третиот натпреварувачки ден на Европскиот Младински Олимписки Фестивал – ЕМОФ Скопје 2025, младите кошаркари и ја донесоа вкупно втората победа на Македонија на ЕМОФ, совладувајќи ја Германија во Баскет 3х3 со резултат 14:10. Најефикасен во нашиот тим беше Благојче Димитриовски со 10 постигнати поени, Ѓоровиќ постигна два, додека по еден реализираа Марковски и Стојановски. По синоќешната победа над Литванија 14:11, девојките денеска убедливо беа поразени од Германија 4:21.

Во останатите екипни спортови, македонските репрезентации повторно останаа без триумф. Најблиску до победа беше машката кошаркарска репрезентација, која по продолжение загуби минамално од Летонија со 97:98, додека девојките беа декласирани од Германија со убедливи 18:91. Младите ракометари трет пат загубија, овој пат од Исланд со 27:36, додека ракометарките беа поразени од Норвешка со 23:31. Порази доживеаја и одбојкарските селекции, момчињата од Белгија со 0:3 и девојките од Турција 0:3.

Третиот ден го одбележа и стартот на натпреварите во маунтајн бајк, што се одржаа во Куманово. Во машка конкуренција триумфираше Ларс Пирс од Белгија со време 59:06 мин, додека кај жените златниот медал го освои Швајцарката Јаел Клаусер со резултат 55.56 мин.

Во фокусот на атлетските возбудувања во националната арена „Тодор Проески“ се најде натпреварувањето во машка конкуренција во скок со височина, во кое двајцата најдобри прескокаа иста височина од 2,15 метри. Поради помалку обиди за скок, златото му припадна на Гркот Харалампос Алвизатос, додека Чехот Војтех Зајичек со идентична прескокната височина мораше да се задоволи само со сребрениот медал.

Јере Пенти Филјами од Финска се закити со златниот медал во фрлање копје со фрлени 74,54 метри, додека во трката на 5 км брзо одење триумфираше Италијанецот Николо Видал со време од 20 минутри, 22 секунди и 43 стотинки.

Пливачките натпревари во Олимпискиот базен во Скопје исто така донесоа многу возбудувања. Во финалната трка на 200 метри мешано во машка конкуренција најбрз беше Британецот Остин манли со време 2:07.23 мин., додека на 100 метри слободно, до златото исплива Италијанецот Даниеле Фиорели со резултат 51.89 секунди.

Во трката на 200 метри пепрутка кај мажите триумфираше Арел Гултекин од Турција со време 2:00,33 мин, додека на 100 метри градно во женска конкуренција најбрза беше Унгарката Петра Пуза со резултат за злато од 2:30,75 мин.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Цените на становите не се реални, потребно е системско делување за квадратот да падне
Следна Статија Постара жена сакала со бомба да го убие Нетанјаху

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Посебен сообраќаен режим утре во Скопје за натпреварот Алкалоид-АЕК

Во Спортскиот центар “Борис Трајковски” утре со почеток во 20:30 часот ќе се одржи меѓународен спортски натпревар помеѓу РК Алкалоид…

May 24, 2025
СПОРТ

Топката со која ќе се играат натпреварите на СП мора да се полни како мобилен

Фудбалската топка за Светското првенство 2026, наречена TRIONDA ќе има вграден сензор за движење што следи допири, движење и промени…

May 26, 2026
СПОРТ

Луда журка за роденденот на Халанд (ФОТО)

Норвежанецот Халанд го прослави својот 26-ти роденден, а фотографиите од приватната прослава што неговата партнерка Изабела ги објави на социјалните…

July 23, 2026
СПОРТ

Ноле полека но турка кон завршницата на Ролан Гарос

- Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го коментираше својот триумф над Французинот Валентин Ројар (6:3, 6:2, 6:7 (7:9), 6:3) во второто коло…

May 28, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?