Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Младите џудисти освоија бронзени медали за Македонија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Младите џудисти освоија бронзени медали за Македонија
СПОРТ

Младите џудисти освоија бронзени медали за Македонија

Објавено September 14, 2025 16:54
Сподели
Сподели

Викендов во Пеќ, Косово, се одржа Балканско сениорско првенство во џудо, во поединечна и Микс тимс конкуренција. Беа присутни преку 100 џудисти од Македонија, Албанија, Босна, Грција, Турција, Молдавија, Црна Гора, Романија и Косово.

Македонската репрезентација од ова натпреварување се враќа со два бронзени медала. Првиот ден во поединечна конкуренција Сергеј Димитријоски се закити со бронза во категоријата до 60кг. Тој во борбата за третото место беше подобар од турскиот репрезентативец.

Александра Најдоска го освои 5-тото место, во борба за бронзата загуби од репрезентативката на Црна Гора.

Како што информираше селекторот Горан Мицкоски, останатите наши претставници прикажале добри борби но не се пласираа во борби за медал.

-Сепак, сакам да истакнам дека конкуренцијата беше силна па оттаму, задоволен сум од прикажаното. Според настапите, можевме и подобро да поминеме што се донесува до медалите, но сепак најважно е дека нашите натпреварувачи имаа силни борби со квалитетни противници и тоа претствува одлична подготовка за претстојниот Сениорски европски куп што ќе се одржи наредниот викенд во Скопје, изјави Мицкоски.

Вториот ден на програмата на Балканското првенство беше екипниот натпревар. Нашата репрезентација се натпреваруваше и го освои третото место со следниот состав: Недановска -57кг., Стојановски -73кг., Шерифовски -90кг., Чакараровски +90. и Најдовска +70кг. Резерви беа:Милчиноски +90кг. и Димитријоски -73кг.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Поставена мерна станица која ќе биде на функција 24 часа
Следна Статија Директорот на ЦУК заврши на токсикологија поради изложеност на чад во Трубарево

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Дали Гренланд ако го земат САД ќе добие и фудбалска репрезентација?

Новиот претседател на САД Доналд Трамп сака Гренланд да го присоедини кон Америка.Но, тоа не се.Ова осттровска земја сака да…

January 29, 2025
СПОРТ

Падна и Илчо Ѓорѓиовски, поранешен претседател на ФФМ

Поранешниот претседател на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Илчо Ѓорѓиоски, денеска е приведен во рамки на истрага во која се…

June 18, 2026
СПОРТ

Нори го елиминира Алкараз од Мастерсот во Париз

Најдобриот тенисер во светот, Карлос Алкараз, го заврши својот настап на Мастерсот во Париз во второто коло. Алкараз беше слободен…

October 29, 2025
СПОРТ

Циркус во Бугарија – минута молк за жив човек

Бизарна ситуација се случи на мечот од бугарското првенство помеѓу екипите на Арда и Левски. Пред почетокот на мечот имаше…

March 18, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?