Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Можно е да се ограничи доаѓањето на работници од Западен Балкан во Германија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Можно е да се ограничи доаѓањето на работници од Западен Балкан во Германија
БАЛКАН

Можно е да се ограничи доаѓањето на работници од Западен Балкан во Германија

Објавено April 3, 2025 15:47
Сподели
Сподели

Германскиот медиум „Тагесцајтунг“ објави дека таканареченото правило за Западен Балкан, кое дозволува работници од неколку балкански земји да доаѓаат во Германија, може значително да се ограничи под новата влада.

На Германија и требаат работници – најмалку 400.000 годишно, велат експертите. Една од можностите овие луѓе да дојдат во Германија е таканареченото правило за Западен Балкан. Меѓутоа, под новата влада на чело со Фридрих Мерц, тоа правило би можело да биде значително ограничено“, наведуваат тие.

Медиумите дополнително објаснуваат дека оваа посебна регулатива им овозможува на луѓето од Албанија, БиХ, Црна Гора, Северна Македонија и Србија без проблем да доаѓаат во Германија на работа. Како што пишува ТАЗ, за тоа не им треба стручно образование или квалификација – доволно е да имаат понуда за работа и одобрение од Федералната агенција за труд и вработување.

Правилото беше воведено во 2015 година за да се намали бројот на често безнадежните барања за азил од овие земји, овозможувајќи им на луѓето редовен пристап до пазарот на трудот.

Оттогаш, според ТАЗ, значително е намален бројот на барања за азил од земјите од Западен Балкан. Мигрантите од овој дел на Европа често работат во медицинскиот и градежниот сектор, рестораните и хотелите. Во 2024 година, владата „Семафорск“ на Олаф Шолц (СПД, Зелените и Либералите) не само што го продолжи правилото за Западен Балкан, туку и ја зголеми квотата за давање работни визи од 25.000 на 50.000 годишно.

Новата влада речиси сигурно ќе ја предводи Христијанско-демократската унија (ЦДУ) на Фридрих Мерц, додека во моментов се водат коалициски преговори меѓу ЦДУ, баварската ЦСУ и СПД, пренесува ДВ.

Но, на изненадување на сите, во документот на работната група за труд и социјални прашања не се најде ниту еден збор за регулативата за Западен Балкан“, пишува ТАЗ.

„Во еден претходен преговарачки документ беше наведена намерата преку ова правило повторно да се „ограничи“ имиграцијата на првичните 25.000 лица годишно. Од ЦДУ не се изјаснија за тековните преговори, а од СПД не одговорија до завршувањето на ова издание на ПАЗ.

Економскиот експерт Херберт Брикер од Институтот за истражување на пазарот на труд и занимања (ИАБ), кој ги оценуваше ефектите од доаѓањето на работната сила од Западен Балкан, смета дека укинувањето на ова правило не би било добра идеја бидејќи тие „одат многу добро на пазарот на трудот“.

Подобри резултати од која било друга имигрантска група – и многу домашни работници

Три до четири години по пристигнувањето во Германија, околу 95 отсто од нив остануваат вработени, што е поврзано со фактот дека дозволата за престој е поврзана со статусот на вработување.

„Во однос на стапката на вработеност, тие постигнуваат подобри резултати од која било друга група имигранти на пазарот на трудот. Всушност, тие се многу поуспешни од многу домашни работници“, го цитира ТАЗ, Брикер.

Мигрантите речиси и не користат социјална помош, а „нивото на квалификации е повисоко од очекуваното“. Иако правилото за Западен Балкан не бара квалификации, повеќето имигранти работат квалификувана работа.

Тука имаме редовни работни односи, што е добро за економијата, компаниите и даночните приходи“, истакнува Брикер.

Германија губи 400.000 работници секоја година поради демографските промени.

„Ако дополнително ги намалиме каналите кои добро функционираат, ќе имаме сериозен проблем“, додава Брикер, а пренесува ДВ.

„Треба повеќе да зборуваме за способностите на тие луѓе“

Политикологот Холгер Колб од Советодавниот совет за интеграција и миграција објасни дека работната сила од Западен Балкан имала значително помалку можности да дојде во Германија кога е воведена регулативата отколку што има денес.

Во меѓувреме, пристапот до германскиот пазар на трудот е олеснет, денес има подобри законски рамки за имиграција на трудот“, објаснува Колб и го наведува примерот на „партнерската програма за признавање на квалификациите“.

„Програмата им овозможува на луѓето да дојдат во Германија да работат во одредена професија додека се обидуваат да добијат признание на нивните сертификати и дипломи. Откако ќе се признаат квалификациите, лицето станува професионална работна сила и може да добие дозвола за постојан престој по само три наместо пет години. Обединувањето на семејството е олеснето и за квалификуваните работници“, посочува Колб.

За разлика од Брикер, Колб го поддржува намалувањето на квотите за Западен Балкан бидејќи смета дека прашањето за потеклото не треба да биде важно во миграцијата на работна сила.

Треба повеќе да зборуваме за способностите на тие луѓе“, рече Колб. „Правилото за Западен Балкан е спротивно на оваа основна идеја“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Нови 511 заболени од грип, вакцинирани се вкупно 72.294 лица
Следна Статија Ангеловска-Бежоска на Регионалната средба на гувернери на централни банки: Трговските препреки може да се одразат на економиите во регионот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Денеска пресуда за мајката и таткото на Коста Кецмановиќ кој уби 9 ученици и чувар во ОУ „Владислав Рибникар“ во Белград

Вишиот суд во Белград денеска треба да ја соопшти пресудата на Владимир и Милјана Кецмановиќ, родителите на момчето кое на…

December 30, 2024
БАЛКАН

Дијана Хркаловиќ осудена на само 16 месеци затвор, половина веќе одлежа дома

Дијана Хркаловиќ, поранешна државна секретарка во Министерството за внатрешни работи, денеска беше осудена од Специјалното одделение на Вишиот суд во…

January 22, 2025
БАЛКАН

На голема церемонија устоличен поглаварот на Албанската православна црква г. Јоан

Во катедралата „Воскресение Христово“ во Тирана денеска се одржа официјалната церемонија на устоличување на новиот архиепископ на Тирана, Драч и…

March 29, 2025
БАЛКАН

Хаос во центарот на Белград, жандармеријата употреби солзавец за да растера антивладини демонстранти

Српската жандармерија вечерва употреби втор ден по ред солзавец во обид да растера демонстранти во центарот на Белград. Пиротехнички средства…

August 15, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?