Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: „Моите корени се азиски, а мојот пасош е српски“, вели Монголката која ќе ја претставува Србија на Мис Универзум
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > „Моите корени се азиски, а мојот пасош е српски“, вели Монголката која ќе ја претставува Србија на Мис Универзум
ЗАБАВА

„Моите корени се азиски, а мојот пасош е српски“, вели Монголката која ќе ја претставува Србија на Мис Универзум

Објавено November 8, 2025 14:36
Сподели
Сподели

По бурните реакции во Србија околу одлуката на изборот за Мис Универзум 2025 да ја претставува девојка со монголско и руско потекло, Јелена Егоровa реши да проговори и да ја сподели својата порака со јавноста.

Јелена Егоровa, родена во Јакутија во 1997 година, објави порака на својот инстаграм-профил, каде што се претстави со лентата на која пишува „Србија“.

„Почестена сум што ја претставувам Србија, земја која ме пречека со раширени раце. Моите корени се азиски, мојот пасош е српски, но мојата цел е универзална – да покажам дека убавината денес значи поврзаност, а не поделба. Сакам секоја девојка која се чувствува ‘поинаква’ да види дека може да припаѓа каде било, таму каде што носи љубезност, почит и сила.

Горда сум што ја претставувам Србија, земја која ми посака добредојде. Моето наследство ја поврзува Европа и Азија, и тоа го гледам како мост, а не како граница“, изјави таа.

Весна Југовиќ де Винча, поранешна организаторка на изборот Мис Србија, реагираше остро на ситуацијата, оценувајќи ја како „хаос без преседан“.

„Никој не ја избрал. Албанки претставуваат повеќе држави, како тоа? Значи, потполен хаос настапи во организацијата на Мис Универзум. Ова за нас е огромен скандал… Оваа Монголка не знае српски, гарантирам дека нема пасош, нема ни услови за тоа, таа лаже и сите тие лажат, оваа организација Мис Универзум се распаѓа“, изјави таа.

Иако организаторите на Мис Србија тврдат дека земјата оваа година официјално не учествува на изборот, Егоровa продолжува да се претставува како српска кандидаткa.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Почина нобеловецот Вотсон – еден од научниците што ја откри структурата на ДНК
Следна Статија Ѓоковиќ го откажа настапот на Мастерсот во Торино

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

Ова се најтемпераментните хороскопски знаци

Некои хороскопски знаци се издвојуваат по својот огнен темперамент. Нивната енергија, страст и непредвидливост и честопати оставаат силен впечаток кај…

July 3, 2025
ЗАБАВА

За два хороскопски знаци од денеска почнува бајка

Овен: Решителноста конечно се исплати За Овенот, јануари традиционално е време на внатрешно ресетирање по турбулентна година. Но, 10 јануари…

January 10, 2026
ЗАБАВА

Неверојатните ледени пештери на Бајкалското Езеро, создадени од разорната моќ на брановите

Кај Бајкалското Езеро во Русија постојат неверојатни ледени пештери, коишто се создадени од разорната моќ на брановите. Бајкал е познат…

December 31, 2024
ЗАБАВА

Android 16 QPR3 Beta 2 прави голем чекор напред

Значителен напредок во развојот на Android платформата

January 16, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?