Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Морничаво: Нетфликс пред две години објави серија за пожар во дискотека, истото се случи и во Кочани (ВИДЕО)
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Морничаво: Нетфликс пред две години објави серија за пожар во дискотека, истото се случи и во Кочани (ВИДЕО)
СВЕТ

Морничаво: Нетфликс пред две години објави серија за пожар во дискотека, истото се случи и во Кочани (ВИДЕО)

Објавено March 18, 2025 08:56
Сподели
Сподели

Трагичен настан во Македонија однесе десетици животи и има неверојатна сличност со серија на Нетфликс заснована на вистинска приказна.

Имено, во големиот пожар во клубот Пулс во Кочани загинаа најмалку 59 лица, а повеќе од 150 се повредени и се наоѓаат во болниците во Македонија и соседните земји. Настрадаа осум членови на бендот ДНК, а преживеаните претходно изјавија дека за време на евакуацијата дошло до стампедо, а пожарот бил предизвикан од употреба на пиротехнички средства.

Сепак, како што пишува 24sata.hr, оваа трагедија има неверојатна сличност со серијата на Нетфликс „Бескрајна ноќ“ од 2023 година.

Серијата е базирана на пожар во клуб во кој животот го загубија 242 лица. Повеќе од 600 од нив се повредени. По трагичниот настан, надлежните отвораат истрага за откривање на причината за пожарот додека граѓаните жалат за загинатите. Родителите на жртвите формираат здружение за да се борат за правда и откриваат дека властите знаат повеќе од она што и е познато на јавноста.

Режисерот Густаво Липсктејн бил инспириран од вистински настан што се случил во 2013 година во градот Санта Марија, Бразил. Пожарот потоа избувнал кога членовите на бендот запалиле бакљи, кои го запалиле целиот клуб. Во тој момент дошло до стампедо, а некои луѓе починале од вдишување чад. Повеќето од жртвите биле ученици на возраст од 17 до 30 години.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Д-р Трајковски: Последиците од азбестот се страшни и предизвикуваат разни проблеми
Следна Статија „Извинете браќа Македонци“ „Повредените ги пративме да ги лекувате, а не да правите ПР“: ОСТРИ реакции во Србија и Македонија за популизмот на Вучиќ сликан меѓу пациентите со изгореници

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Насилства низ Париз по победата на ПСЖ во Лигата на шампиони, Херцог го осуди вандализмот врз еврејските институции

Повеќе од 290 лица се уапсени во Париз за време на прославата на историската победа на фудбалскиот клуб Пари Сен…

June 1, 2025
СВЕТ

Медведев: Америка нема корист од мирот во Украина

Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, најави дека руската армија врши концентриран напад врз инфраструктурните објекти на…

November 17, 2024
СВЕТ

(Видео) Ноќен напад врз Киев: најмалку едно лице загина, чад влезе во подземно засолниште

Најмалку едно лице загина, а две други беа повредени во голем руски напад со беспилотни летала и ракети врз Киев…

July 21, 2025
СВЕТ

Секој осми млад Германец не слушнал за Холокаустот, анкетирани и млади лица во Европа и САД – податоците неочекувани

Еден од осум млади Германци никогаш не слушнале за Холокаустот, термин за систематско убивање Евреи за време на нацистичката ера,…

January 24, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?