Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Во Шпанија спасена жена која три дена била заглавена во автомобил однесен од поплавите
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Во Шпанија спасена жена која три дена била заглавена во автомобил однесен од поплавите
СВЕТ

Во Шпанија спасена жена која три дена била заглавена во автомобил однесен од поплавите

Објавено November 3, 2024 09:40
Сподели
Сподели

Спасена е жена која три дни седела заглавена во автомобил со мртвото тело на свој роднина откако ги погодила смртоносната поплава во Шпанија, соопшти спасувачката служба.

Автомобилот со преживеаната жена е откриен во поплавен тунел во Монкада, лоциран во југоисточната покраина Валенсија, заглавен со уништени автомобили. Спасувачите, вадејќи ги автомобилите, слушнале лелек на жена. Не можела да излезе бидејќи нејзиниот автомобил бил под други возила.

По спасувачката акција жената е префрлена во блиската болница и засега не е позната нејзината здравствена состојба. Локалните власти, исто така, им се заблагодарија на волонтерите кои дојдоа од цела Шпанија во поплавената Валенсија.

Шпанскиот премиер Педро Санчез претходно денеска соопшти дека бројот на жртвите во поплавите се искачи на 211. Тој додаде дека 208 од жртвите се од Валенсија. Санчез најави и дека уште 5.000 војници ќе бидат испратени во областите погодени од поплавите. Во погодените подрачја денеска се очекува да пристигне првиот контингент од 4.000 војници.

Во моментов е во тек потрагата по стотина исчезнати лица.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Јокиќ и се е можно: Најпаметниот играч во НБА лигата (ВИДЕО)
Следна Статија Харис вети поддршка за македонските идентитет и јазик, Трамп најави економска соработка и безбедност

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Кратко траеа преговорите меѓу Русија и Украина – барањата на Москва неприфатливи за Киев

Завршија првите директни мировни преговори за прекин на огнот во Украина. Москва на разговорите настапиле со нови територијални барања кон…

May 16, 2025
СВЕТ

Дејвид Коперфилд, Мајкл Џексон, Бил Клинтон, на листата на Епштајн?

Таканаречената „Епштајн листа“, која наводно ги содржи имињата на неговите клиенти, веќе стана позната на социјалните мрежи, а се очекува…

February 28, 2025
СВЕТ

Ова е внукот на Фидел Кастро (ФОТО)

Внукот на поранешниот кубански лидер Фидел Кастро, Сандро во интервју за американската телевизиска мрежа Си-ен-ен изјави дека мнозинството Кубанци се…

March 31, 2026
СВЕТ

(ВИДЕО) Ураганот „Мелиса“ стигна до Јамајка, ветрови со јачина до 300 километри на час

Ураганот „Мелиса“ штотуку стигна до копното на југозападниот брег на Јамајка, со ветрови до 300 км/ч – што ја прави…

October 28, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?