Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Моторен чамец превезувал 2, 4 тони кокаин кај Мадеира
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Моторен чамец превезувал 2, 4 тони кокаин кај Мадеира
СВЕТ

Моторен чамец превезувал 2, 4 тони кокаин кај Мадеира

Објавено October 21, 2025 19:55
Сподели
Сподели

Француската морнарица запленила моторен чамец што превезувал 2,4 тони кокаин кај португалскиот остров Мадеира во Атлантскиот Океан, јави ДПА, повикувајќи се на соопштение од обвинителството во Брест, во кое се наведува дека во операцијата барала употребена сила врз шверцерите.

Вредноста на запленетата дрога се проценува на над 128 милиони евра.

Операцијата е спроведена во координација со САД и Велика Британија.

Весникот „Паризиен“ објави дека фрегата на француската морнарица отворила оган за да ги онеспособи моторите на бродот откако нејзиниот екипаж ги игнорирал повиците за запирање.

Цивилните и воените власти во Португалија и Шпанија, исто така, учествувале во запирањето на бродот.

На фрегатата за време на операцијата ѝ помогнале хеликоптер на француската морнарица и авион на царината.

Откритието се смета за дел од растечкиот тренд на увоз на големи количества кокаин во Европа од Јужна Америка преку Шпанија, Португалија и Франција.

Француските медиуми сè повеќе зборуваат за таканареченото „бело цунами“, осврнувајќи се на зголемените пратки на дрога, забележува ДПА.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Граѓаните најмногу земаат потрошувачки и станбени кредити
Следна Статија Цените на нафтата на светските берзи стабилни – околу 61 долар за барел

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Проверка на факти: Тврдења на Трамп за економија, плати и имиграција

Детален преглед и анализа на изјавите на претседателот Доналд Трамп за економски, воени и општествени влијанија во неговата администрација

December 19, 2025
СВЕТ

КОЈ Е ФРИДРИХ МЕРЦ, ИДНИОТ КАНЦЕЛАР НА ГЕРМАНИЈА? Човек со два политички животи и пилот со една шанса да ја среди државата!

Кој е навистина Фридрих Мерц, човекот кој ја загуби битката со Ангела Меркел и кој толку доцна се врати во…

February 24, 2025
СВЕТ

(Видео) Децата врескаат, сцените се ужасни: нова вознемирувачка снимка од Лисабон

Во трагедијата што се случи во Лисабон, 15 лица загинаа, додека 18 беа повредени. Меѓу жртвите има и странци, а…

September 4, 2025
СВЕТ

Земјотрес ја погоди Турција, повредени над 20 лица

Најмалку 22 лица се примени во болница по земјотресот што синоќа беше регистриран на 60 километри југоисточно од градот Баликесир…

October 28, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?