Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: МО: 24 години од загинувањето на десетмината армиски припадници кај месноста Карпалак
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > МО: 24 години од загинувањето на десетмината армиски припадници кај месноста Карпалак
МАКЕДОНИЈА

МО: 24 години од загинувањето на десетмината армиски припадници кај месноста Карпалак

Објавено August 8, 2025 12:26
Сподели
Сподели

 

Делегација од Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата предводена од државниот секретар Елизабета Чуповска Ристова и Директорот на Генералштабот, бригаден генерал Орце Јордев, денеска (8 август) положија венец со свежо цвеќе на спомен – плочата на македонските бранителите кои своите животи ги загубија кај месноста Карпалак во 2001 година, соопштија од министерството за одбрана.

Десетмината прилепски бранители, Сашо Китаноски, Нане Наумоски, Бранко Секулоски, Марко Деспотоски, Ердован Шабаноски, Љубе Грујоски, Дарко Вељаноски, Веби Рушитоски, Горан Миноски и Пеце Секулоски ги положија своите животи за зачувување на независноста, суверенитетот и територијалниот интегритет на татковината.

Во спомен на бранителите на спомен плочата свежо цвеќе положија и делегации од Владата предводена од заменик претседателот на владата за политички систем Љупчо Димовски, од кабинетот на Претседателката и врховен командант на Армијата, претставници од семејствата на загинатите припадници на Армијата, од здруженија на граѓани и од политички партии.

Венци со свежо цвеќе ќе бидат положени и пред спомен-обележјето на македонските херои во центарот на Прилеп.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Синдикалката ја оставиле пред врата со клучалка наместо да присуствува на интервју за вработувања во контролата на летање и М-НАВ
Следна Статија ТРАГЕДИЈА: Македонка се удави на Халкидики

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Протест пред МВР и Парк Жена Борец „НИТУ ЕДНА ПОВЕЌЕ!“

Утре, 18 септември со почеток во 17:30 часот, повикуваме на протест против колективниот крах на системот и игнорантниот однос на…

September 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски за постигнатиот напредок за железничкиот Коридор 8: Така треба да се гради доверба, заеднички да се реализираат проекти

Премиерот Христијан Мицкоски изрази задоволство за постигнатиот напредок за доизградбата на Коридорот 8, а кој е постигнат меѓу Скопје и…

July 2, 2025
МАКЕДОНИЈА

Пешев: Живеам во Скопје повеќе од 60 години и досега вака не било, гнасно, нечисто

Бизнисменот Антони Пешев, преку објава на својот фејсбук профил, сведочи дека Скопје никогаш не било понечисто! - Живеам во Скопје…

October 9, 2025
МАКЕДОНИЈА

Јаневска: Образованието конечно станува приоритет

Во вечерниот подкаст „ВМРО-ДПМНЕ Зборува“, министерката за образование и наука, Весна Јаневска, се осврна на темата за зголемувањето на платите…

November 6, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?