Во сабота Свечен пречек на препис на чудотворната икон „Пресвета Богородица -„Скоропослушница“ од светогорскиот манастир Дохијар.
Во сабота, на 5 април 2025 година, во село Побожје, Скопско, ќе биде донесен препис од чудотворната икона на Пресвета Богородица – Скоропослушница од светогорскиот манастир Дохијар.
Свечениот пречек на иконата ќе биде во 16:00 часот, пред манастирот „Рождество на Пресвета Богородица“, над селото Побожје. Потоа ќе биде отслужена Воскресна вечерна богослужба, со која ќе началствува Неговото Блаженство Архиепископ Охридски и Македонски г. г. Стефан, во сослужение со свештенослужители на Скопската епархија, стои во соопштението на МПЦ-ОА.