Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Муртезани: Таравари го смени приоритетот на Вреди и кокетира со ДУИ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Муртезани: Таравари го смени приоритетот на Вреди и кокетира со ДУИ
ПОЛИТИКА

Муртезани: Таравари го смени приоритетот на Вреди и кокетира со ДУИ

Објавено April 16, 2025 20:33
Сподели
Сподели

Ако Таравари јавно кокетира со Ахмети, и тоа не го крие, го доведува во прашање целото функционирање на Владата зашто какво ќе биде тоа ако тој има врски со ДУИ. Ова создава загриженост и треба да се расчисти, изјави Орхан Муртезани, министер за европски прашања и претставник на коалицијата Вреди (Влен) од партијата Алтернатива.

Во вечерашното интервју во „Топ тема“ на ТВ Телма, Муртезани рече дека кога ја формирале коалицијата Вреди, главната премиса им била „да се создаде антипод на Демократската унија за интеграција кој требаше да се бори против режимот инсталиран од ДУИ со криминал и корупција“.

По пат, еден од нашите партнери во коалицијата го смени приоритетот и почна да смета дека не е толку битно борбата против криминалот и корупцијата туку колкав број општини ќе добие на Локалните избори и на тој начин ја тргна бариерата да не се кокетира и комуницира со ДУИ, туку почна да гледа и соработник во ДУИ, истакна Муртезани.

Според него, изјавата на Арбен Таравари дека Владата не испорачувала доволно е само „барање алиби за да соработува со ДУИ“, а изјавата дека „Гостивар е тешко победлива општина со Вреди“, како што рече, значи дека може да ја освои со ДУИ.

Во тоа е суштината. Се открива планот за одење во скутот на Ахмети, а тоа го прави со обвинување на довчерашните партнери. За да има алиби, мора да ја напаѓа коалицијата и Владата, а со тоа се напаѓа и себеси. Несериозни се обвинувањата дека не испорачува доволно, а да биде дел од Владата. Ако смета дека тој сам не вложува доволно, нека оди во опозиција. Нема логика ако опцијата е да оди со ДУИ „за да ги бива“, рече Муртезани.

Соопшти дека на Таравари му биле понудени 40 отсто градоначалнички места, а останатите 60 отсто за останатите три партии во коалицијата Вреди.

Имаше доволно голема и солидна поделба, но изгледа се имал договорено со Али Ахмети, рече Муртезани и додаде дека Таравари инсистирал на посебни, а не на заеднички листи и оти со тоа се видело „дека тоа му носи вода на ДУИ“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Човекот е маж или жена, пресуди Британскиот Врховен суд
Следна Статија Маж тежок 130 килограми прв се оперираше од прекумерна тежина на државен трошок

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Мицкоски му посака стабилна влада на Борисов

Премиерот Христијан Мицкоски телефонски се слушна со Бојко Борисов. Во разговорот му посака стабилна влада која ќе ги отстрани пречките…

October 28, 2024
ПОЛИТИКА

Петрушевски: Зошто СДС е во паника, дали се плашат од исказот на Груби

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, денеска упати остри обвинувања до СДСМ, тврдејќи дека партијата е во хистерија по приведувањето на…

February 24, 2026
ПОЛИТИКА

ЗНАМ – За наша Македонија: Нема преговори за размена на ресори со нашиот коалиционен партнер ВМРО-ДПМНЕ

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија информираше дека владиното мнозинство е стабилно и нема преговори за размена на ресори со…

April 7, 2025
ПОЛИТИКА

Богдановиќ : Релациите Македонија- Дубаи на Филиче ги демотивираат членството и симпатизарите на СДСМ

Наместо обединување, дополнителен раздор. Во опозициската СДСМ врие по признанието на нивниот лидер Венко Филипче дека поседува златна виза за…

May 12, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?