Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Муртезани: Таравари имаше бел лист на маса за да напише колку општини сака, но одлучи да оди во прегратките на ДУИ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Муртезани: Таравари имаше бел лист на маса за да напише колку општини сака, но одлучи да оди во прегратките на ДУИ
ПОЛИТИКА

Муртезани: Таравари имаше бел лист на маса за да напише колку општини сака, но одлучи да оди во прегратките на ДУИ

Објавено May 15, 2025 19:48
Сподели
Сподели

Таравари имаше бел лист на маса за да напише колку општини сака да добие, но тој одлучи да оди сам на избори и повеќе сакаше да оди во прегратките на ДУИ. Допрва ќе видиме како неговото приклучување кон Европскиот фронт ќе влијае врз рејтингот, рече вечерва министерот за европски прашања Орхан Муртезани.

Како што истакна Муртезани во „Само интервју“, целта на локалните избори е владејачката коалиција да добие најмалку 50 отсто од општините за да ги порази Ахемти и Таравари.

Тој уште еднаш кажа дека Владата е стабилна и дека сите инвестиции и промени што ги реализира ќе бидат препознаени од граѓаните.

Добредојдена е посетата на претседателот на Советот на ЕУ Антонио Кошта бидејќи дава порака дека регионот, особено Македонија, е дел од агендата. Сите пораки што стигнаа досега, а се

-За нас е битно да ги добиеме локалните избори, да имаме мнозинство добиени општини. Според нашите проценки. Tоа не е недостижно зашто стоиме убедливо добро од Липково до Тетово. Во Гостивар се менуваат односите, но тоа не значи дека ќе има многу пореметувања на национално ниво. Сепак, се создава простор да приближиме до нас и други политички актери и бизнисмени и претставници од невладиниот сектор, истакна Муртезани.

Коментирајќи го објаснувањето на Таравари дека една од причините зашто излегол од коалицијата е застојот во евроинтеграцискиот процес, Муртезани рече дека ништо посмешно не слушнал во својата десетгодишна кариера.

-На сите владини седници и на тие посебните не се сеќавам дека Tаравари присуствувал. Јасно е како бел ден дека тој не се тргна од Владата заради евроинтегративниот процес и наместо да даде придонес за што имаше можност, тој одлучи да оди во прегратките на Али Ахмети, рече министерот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Српски функционер призна дека фалсификувал документ за плац што го сака зетот на Трамп
Следна Статија Мицкоски за „Euronews“: Жал ми е што корумпирани политичари за да останат на власт прифаќаа се и сешто

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Кузеска: Нов скандал со дипломи на повидок, дали Јанев е незаконски назначен на чело на БЈБ

Нов скандал со безбедносните служби е на повидок. Јавно се објавени сомнежи за незаконско именување на директорот на Бирото за…

May 20, 2025
ПОЛИТИКА

Филков: Димитриевски ќе биде наш кандидат за градоначалник на Куманово

Претседавачот на Централниот одбор на ЗНАМ Игор Филков вели дека преговорите за настап на претстојните локални избори во рамки на…

June 6, 2025
ПОЛИТИКА

Мицкоски има доверба во Изет Меџити, на ДУИ им порача да достават докази

Премиерот Христијан Мицкоски рече дека има доверба во работењето на Изет Меџити, а им порача на Демократската унија за интеграција…

February 24, 2025
ПОЛИТИКА

Сиљановска Давкова: Изјавата на еврокомесарката Кос звучи како бирократско мешање во внатрешните работи

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска од Подгорица, каде е во официјална посета коментирајќи ја вчерашната изјава на новоизбраната еврокомесарка за…

November 28, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?