Муцунски: Во Белград се лекуваат најголем број од граѓаните испратени на лекување во странство

- Advertisement -

Денеска бев во Белград, каде што се лекуваат најголем број од македонските граѓани испратени на лекување во странство, објави Тимчо Муцунски, минисстер за надворешни работи и надворешна трговија.

„На одвоените средби со претседателот на Владата на Србија, Милош Вучевиќ и со министерот за надворешни работи Марко Ѓуриќ изразив искрена и длабока благодарност за приемот на македонските пациенти, силната поддршка и високото ниво на медицинска грижа што ја обезбедуваат српските здравствени институции.

Заедно со заменик-министерот за здравство, Јовица Андовски, ги посетивме болниците каде што се лекуваат повредените пациенти и добивме детални информации за нивната здравствена состојба.

Македонската влада обезбедува сместување за семејствата на македонските пациенти во странство, а нашите дипломатско-конзуларни претставништва остануваат на целосно располагање за секоја потребна помош и поддршка“, потенцира Муцунски.

Сподели ја оваа статија