Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Муцунски: Нема договор со Велика Британија за прифаќање мигранти – шпекулациите се штетни и неосновани
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Муцунски: Нема договор со Велика Британија за прифаќање мигранти – шпекулациите се штетни и неосновани
МАКЕДОНИЈА

Муцунски: Нема договор со Велика Британија за прифаќање мигранти – шпекулациите се штетни и неосновани

Објавено October 11, 2025 15:13
Сподели
Сподели

Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски категорично ги отфрли шпекулациите дека Владата или Министерството воделе разговори со Обединетото Кралство за прифаќање мигранти.

„Во целост ја отфрлам дезинформацијата дека Владата или Министерството за надворешни работи и надворешна трговија разговарале или склучиле било каков договор со Обединетото Кралство за прифаќање мигранти. Такво нешто не постои – ниту како иницијатива, ниту како политичка намера,“ напиша Муцунски.

Тој оцени дека ваквите тврдења се „неосновани, штетни и исклучиво насочени кон дневнополитички поени“, повикувајќи ги сите политички субјекти да се држат до фактите и да покажат „минимум одговорност“.

„Ваквите изјави, за жал, се израз на целосно непознавање на состојбите и на тековните дипломатски ангажмани на државата. Со Обединетото Кралство имаме стратешко партнерство засновано на заемна доверба, политичка, економска и безбедносна соработка, а не на шпекулации и сензационализам,“ порача министерот.

Реакцијата на Муцунски следи по изјавата на лидерот на опозициската СДСМ, Венко Филипче, кој праша дали Владата разговара за евентуално прифаќање мигранти по примерот на договорите што Лондон ги склучува со трети земји.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ЕУ го започнува најголемиот проект – брзи возови ќе ги поврзат сите европски метрополи
Следна Статија Монтгомери: Бомбардирањето на Србија беше грешка

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Сиљановска Давкова по повод 23 Октомври: Државноста е тешко стекната, не ни е подарена и треба да се брани со демократски инструменти

Почитувани сограѓани, Нека ни е честит 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба. Ви посакувам празникот да го минете во…

October 23, 2024
МАКЕДОНИЈА

Македонец лежи во „Идризово“ осуден за борба на руска страна: Веднаш ме испратија на фронтот кај Мариупол

37-годишниот Љупчо Бојчевски од Скопје е единствениот Македонец осуден на затворска казна за учество во странска војска во конфликтот во…

September 11, 2025
МАКЕДОНИЈА

Недостастуваат 100 вработувања на Инфективната клиника во Скопје, никој не сака да специјализира инфективни болести

На Инфективната клиника во Скопје недостасуваат дури 100 нови вработувања, беше кажано на денешниот брифинг на директорите на Фондот за…

December 27, 2024
МАКЕДОНИЈА

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА КОЦЕВСКИ Обвинителот Цветановски тврди дека државниот обвинител грубо ја злоупотребил својата функција

Обвинителот од Вишото јавно обвинителство, Јован Цветановски, против кого е поведена дисциплинска постапка, во изјава за Република тврди дека постапката иницирана од…

February 14, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?