Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Муцунски: Стратешкиот дијалог, НАТО-соработката и трговскиот договор со САД
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Муцунски: Стратешкиот дијалог, НАТО-соработката и трговскиот договор со САД
МАКЕДОНИЈА

Муцунски: Стратешкиот дијалог, НАТО-соработката и трговскиот договор со САД

Објавено September 23, 2025 09:20
Сподели
Сподели

Министерот Муцунски во интервју за Сител ТВ од Њујорк говореше за билатералните односи со САД, втората сесија од стратешкиот дијалог и за интензивната политичка агенда во рамки на 80. Генерално собрание на ОН. Осврнувајќи се на стратешкиот дијалог со Соединетите Американски Држави, министерот Муцунски посочи дека тој подразбира низа конкретни мерки насочени кон унапредување на односите меѓу двете земји.

–  На средбата во мај со државниот секретар Марко Рубио дефиниравме заеднички приоритети поврзани со билатералните и мултилатералните релации, како и со засилената трговска и економска динамика. Чекор по чекор гледаме како тие приоритети се реализираат. Во рамките на дијалогот ќе отвориме повеќе теми, меѓу кои и визното олеснување – не ветуваме дека тоа ќе се случи веднаш, но веќе е ставено на маса во разговорите со администрацијата во Вашингтон, рече Муцунски.

Тој се осврна и на сојузништвото со САД во НАТО и тековните преговори за нов трговски аранжман.

–  Со нашите партнери во Алијансата споделуваме заеднички грижи за европските и глобалните предизвици, и секогаш е важно кога на високо ниво координираме ставови и разменуваме мислења. Во делот на тарифите, сме во завршна фаза на подготовка на ново решение кое ќе донесе пониски давачки – како општи, така и специјални за одредени производи што ги извезуваме во САД. Веќе имаме драфт-текст, преговорите се одвиваат успешно и очекувам наскоро конечна верзија која ќе ѝ биде презентирана на јавноста, додаде министерот.

Муцунски ја истакна и важноста на бројните средби со светски лидери, посочувајќи дека тие се можност најдобро да се афирмираат принципиелните позиции на Владата по сите суштински и стратешки прашања. Тој информираше и за динамичната агенда во рамки на Генералното собрание на ОН, со акцент на билатералните контакти за унапредување на политичките и економските односи, како и на поставувањето нови приоритети од регионален и глобален интерес.

–  Ќе продолжиме на мултилатерално поле да ги користиме сите можности што ги има државата, бидејќи дипломатијата не треба да остане апстрактна – таа мора да носи конкретни придобивки за граѓаните, заклучи министерот Муцунски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Улиците во Белград оштетени за време на воената парада
Следна Статија Пожар во Козле, изгореа куќа и помошна просторија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Протест на семејствата на загинатите во Кочани, порачаа дека коруптивниот систем им ги уби децата

Под слоганот „Марш за ангелите“ во 12 часот и 5 минути, како симбол на задоцнетата институционална реакција, семејствата на починатите…

April 5, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Време е да се стави крај на злоупотребите на безбедносно-разузнавачките служби

Во интервју за Дојче Веле, премиерот и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во однос со скандалот со прислушкувањето од страна…

September 10, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски на средба со Биковиќ: Иницијатива за инвестиција во Берово

Премиерот Христијан Мицкоски оствари средба со познатиот актер Милош Биковиќ. Тој по потекло е од убавиот македонски град Берово. -Разговаравме…

September 15, 2025
СВЕТ

Хаос во авиосообраќајот, во САД откажани повеќе од 1.500 летови

Повеќе од 1.500 летови беа откажани во САД денеска, а над 1.200 беа одложени поради продолжениот делумен прекин на работата…

November 10, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?