Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Време е да се стави крај на злоупотребите на безбедносно-разузнавачките служби
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски: Време е да се стави крај на злоупотребите на безбедносно-разузнавачките служби
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Време е да се стави крај на злоупотребите на безбедносно-разузнавачките служби

Објавено September 10, 2025 17:11
Сподели
Сподели

Во интервју за Дојче Веле, премиерот и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во однос со скандалот со прислушкувањето од страна на АНБ и АР, истакна дека станува збор за случај кој одблизу се следи, а воедно и дека организираното следење било спроведувано за лични и политички цели, истакнувајќи дека доказните материјали за целиот случај се предадени на обвинителството.

-Се согласувам дека процентот на доверба во правен исход, особено кога случајот е доведен пред портите на обвинителството, е многу низок. Но, во исто време, ова е случај што ние одблиску ќе го следиме. Институциите работеа во изминатиот период и тие индиции и доказни материјали се предадени во обвинителството. Организирањето следење не било само од АНБ, туку и од АР. И двете биле користени за лични и политички цели. Кој бил интересот на државата да следи новинари, медиуми или моите деца? Тоа кажува дека системот во рацете на тие луѓе забегал, рече Мицкоски.

Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски, укажа на потреба од расветлување на целиот случај и ставање на крај на ваквите масовни злоупотреби, кои влијаат штетно врз целата држава и ги нарушуваат демократските вредности на кои се заснова системот.

-Затоа уште повеќе инсистирам овој случај да биде разрешен, затоа што има тренд, неславна традиција на злоупотреба на безбедносно-разузнавачките служби овие три децении. Индикативно е што тоа се горе-долу истите луѓе кои ги одработуваат ваквите масовни злоупотреби, со што го разнебитуваат системот и нанесуваат штета не само на индивидуи и нивните семејства, туку и на целата држава, уривајќи ги демократските темели врз кои треба да почива системот. Време е да се стави крај и да се испрати порака дека тие не се посилни од државата, истакна Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Азески на работна средба со француската компанија Буиг за поддршка на инфраструктурни инвестиции
Следна Статија (ВИДЕО) Девојки од Грција не можеа да ја дослушат македонската песна изведена од колумбиски бенд

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски по средбата со Фон дер Лајен: Државата очекува јасна посветеност од ЕУ, како потврда на европската перспектива и поддршка за граѓаните

Премиерот Христијан Мицкоски на денешната средба во Владата со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, истакнал дека државата…

October 15, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Слава за хероите од Карпалак

Слава за хероите од Карпалак. Нивното дело и пожртвуваност се памети, нивната храброст и одлучност се почитува. Нека нивната жртва…

August 8, 2025
МАКЕДОНИЈА

„БОРАН“ системи, „JLTV“, „STRYKER“, „JAVELIN“… што е набавено и што ќе се набави за македонската армија

Оваа година македнската армија значително ќе се зајакне со пристигнување на дел од оклопните возила „STRYKER“, рече во вчерашниот говор…

August 19, 2025
МАКЕДОНИЈА

Бизнисот побара посебни зони во Скопје и железница на Кејот, Ѓорѓиевски вети поддршка

Да се елиминира поделбата на надлежностите која создава големи проблеми, особено во урбанистичката сфера, да се одвојат посебни локации за…

July 24, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?