Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Над 2000 медицински сестри лани ја напуштиле државата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Над 2000 медицински сестри лани ја напуштиле државата
ЗДРАВЈЕ

Над 2000 медицински сестри лани ја напуштиле државата

Објавено May 13, 2025 18:22
Сподели
Сподели

Недостигот од медицински сестри во здравствените установи претставува голем проблем, како за болниците, така и за пациентите. Дефицитот од медицински персонал е вистински предизвик за вработените, зашто се принудени да работа со прекувремено работно време.

Работниот ден на сестрата започнува од наутро па до следното утро. Работиме 24 часа во смени. Бидејќи сме малку на број, и во огромен недостаток се случува некои од нас да работат и по 12 и по 24 часа. Во моментот нашата професија е во голем дефицит, значи ни недостасува персонал, што ја отежнува и самата посветенот кој пациентите, меѓутоа колешките даваат се од себе да функционираме како тим заедно со лекарите, изјави Билјана Рогожарска, дипломирана медицинска сестра, КБ- Штип

Средното медицинско училиште и Високата медицинска школа секоја година продуцираат нов кадар од медицински сестри, меѓутоа малкумина од нив одбираат својата професионална кариера да ја продолжат во македонското здравство.

Мој личен став е дека младите многу бргу се откажуваат од состојбата овде и заминуваат надвор. Цел треба да ни биде да си ги задржиме децата овде, да им понудиме услови за работа, да им овозможиме да дадат допринос во нашта земја, не надвор од неа. Тоа не е до нас, тоа е до Министерството за здравство и до државата, односно, до оние кои ја водат државата, додаде Рогожарска

Само во текот на минатата година над 2000 медицински сестри ја напуштиле државата и заминале на работа во некоја од западно европските земји. Ова е повеќе од алармантна бројка, поради што Министерството за здравство ќе мора сериозно и час поскоро да преземе мерки за надминување на актуелната состојба, зашто населението старее и ќе се зголемува потребата од медицинска нега.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Македонец обвинет во Хрватска за меѓународен шверц на кокаин
Следна Статија Најголемиот ќе коментира НБА натпревари

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

(ФОТО) Министерот за здравство се увери во хоророт во „Бардовци“

Министерот за здравство Азир Алиу ја посети Психијатриската болница „Скопје“. Заедно со в.д. директорот Хиса Авдулаи беше направена обиколка на…

June 27, 2025
ЗДРАВЈЕ

Дел од онколошките пациенти повторно без терапија, недостигаат лекови за рак на дојка

Онколошки пациенти повторно останаа без лекови. Речиси месец дена нема биолошка терапија за рак на дојка, а деновиве снемало и…

April 10, 2025
ЗДРАВЈЕ

Европска недела на ХИВ тестирање: „Тестни се! Прегледај се бесплатно, доверливо и безбедно“

Во рамки на Европската пролетна недела на ХИВ тестирање, ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација, ги повикува сите граѓани на…

May 25, 2025
ЗДРАВЈЕ

Клековски: ФЗО од 2014 година или е во „статус кво“ или е во уназадување во сите подрачја од сопствената работа

Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) од 2014 година или е во „статус кво“ или е во уназадување во сите подрачја…

November 4, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?