Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Над 3,5 милиони евра годишно одат неповрат за гас што Македонија не го користи
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Над 3,5 милиони евра годишно одат неповрат за гас што Македонија не го користи
ЕКОНОМИЈА

Над 3,5 милиони евра годишно одат неповрат за гас што Македонија не го користи

Објавено May 10, 2025 10:03
Сподели
Сподели

Од октомври лани секој месец од државниот буџет се трошат по близу 300 илјади евра за закуп на природен гас од терминалот во грчкиот град Александрополис, а гасот не се користи. Министерката за енергетика Сања Божиновска во интервју за телевизијата „24“ вели дека оваа обврска, која годишно ги чини граѓаните над 3,5 милиони евра, Македонија ќе ја има и во следните 14 години.

Обврската за закуп на капацитет на гас земјава ја имала како косопственик на електраната од 25 отсто, вели министерката и додава дека откако пропаднала можноста Македонија да има удел во сопствеништвото на гасниот терминал во Александрополис, договорот за закуп на гас не бил раскинат, туку останал во сила, што ѝ предизвикува голема штета на државата.

„Кога дојдов, начекав фактура којашто е изготвена врз основа на договор со кој нашата држава има закупено долгогодишен капацитет од 15 години. И таа фактура месечно изнесува 300 илјади евра, за закуп на преносен капацитет и тоа не се користи“, рече Божиновска.

Министерката вели дека со актуелното раководството на ЕСМ ќе се обидат договорот да го раскинат, иако според неа тоа е тешко изводливо, бидејќи се работи за меѓународен договор, а ако земјава престане со плаќање на обврската, ќе следува тужба од грчката компанија „Гас трејд“, на која ѝ ги плаќаме парите.

Здружението на Инженери на Македонија реагираше и побара институциите да го истражат овој случај. Како е можно да се плаќаат толкави суми на пари за услуга која не се користи.

„Ние имаме барање, ќе го упатиме и до Владата – овој договор да се поништи и да се покрене некоја постапка за казливост на тој што го потпишал овој договор“, вели Илија Бендевски од Здружението на инженери.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Во Неапол се појави пица со моцарела „Папа Лав“, како и фигури со неговиот лик (ФОТО)
Следна Статија ВЛЕН: Ги исчистивме улиците, сега на ред се политичките фосили

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Продолжува силната активност за доизградба на железничкиот Коридор 8 кон Република Бугарија

Владата преку Министерството за транспорт продолжува со силната активност за доизградба на железничкиот Коридор 8 кон Република Бугарија, информираат попладнево…

August 26, 2025
ЕКОНОМИЈА

Дизелот и бензинот со иста цена, се намалува мазутот

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе Одлука со…

April 22, 2025
ЕКОНОМИЈА

Уште еден дел од автопатот Кичево – Охрид ќе биде пуштен кон крајот на летото, откри Николоски

Автопатот Кичево – Охрид е симбол и пресечник помеѓу две времиња, незаинтересираноста, неспособноста и неработењето на СДСМ и ДУИ и…

July 14, 2025
ЕКОНОМИЈА

Најмалку десет нови дестинации преку двата аеродрома, нови инвестиции во железницата

Најмалку десет нови дестинции преку двата аеродрома, во Скопје и во Охрид, како и силен инвестициски циклус во железницата, најави…

October 3, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?