Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ВЛЕН: Ги исчистивме улиците, сега на ред се политичките фосили
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > ВЛЕН: Ги исчистивме улиците, сега на ред се политичките фосили
ПОЛИТИКА

ВЛЕН: Ги исчистивме улиците, сега на ред се политичките фосили

Објавено May 10, 2025 10:22
Сподели
Сподели

„Викендот за чистење” не е само симболична акција таа претставува одраз на европските вредности во пракса. Граѓанска одговорност, заедничка ангажираност и посветеност за почиста животна средина и подобра иднина. Во оваа корисна иницијатива учествуваа и високи државни функционери, меѓу кои и заменик-претседателот на Владата, Изет Меџити, како и други претставници на ВЛЕН, велат оттаму во утринското соопштение.

„Но оваа акција не е крајот таа е само почетокот. Затоа што оваа година нема да се фокусираме само на чистење на јавниот простор, туку и на чистење на политичката сцена! Влегуваме во година на големо чистење, кога граѓаните конечно ќе имаат можност да ги отстранат политичките отпадоци што со години го попречуваат развојот. Фосилите на ДУИ, кои останаа вкоренети во локалната власт без никаква визија, ќе бидат испратени таму каде што им е местото во историјата, покрај нивните сопартијци во опозиција, за конечно да се реформираат или рециклираат.

ВЛЕН ќе биде гласот на промената во секоја општина со мнозинско албанско население. Ние нудиме конкретни и одржливи алтернативи за добрo управување – како на централно, така и на локално ниво. Не се бориме само за власт, туку за суштинско, вистинско и долгорочно прочистување.

Ги повикуваме сите граѓани да станат дел од оваа нова енергија. Од чисти улици – до чисти општински институции. Од викендот за чистење – кон цела година на политичко чистење“, додаваат од ВЛЕН.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Над 3,5 милиони евра годишно одат неповрат за гас што Македонија не го користи
Следна Статија Затворени пет бензински пумпи во Солун и во Атина поради измами со гориво

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

(ВИДЕО) Филипче побара референдум на кој граѓаните ќе одлучат за ЕУ

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција побара граѓаните на референдум да се изјаснат дали ја поддржуваат цената што,…

May 27, 2026
ПОЛИТИКА

Божиновска: Јотова живее во свет на фантазии од деветнаесеттиот век

„Госпоѓата Јотова живее во свет на фантазии од деветнаесеттиот век. Ниту еден граѓанин на Македонија нема потпишано изјава дека се…

October 18, 2024
ПОЛИТИКА

Мицкоски: Јасен е победеникот на локалните избори, а тоа е владејачкото мнозинство

ВМРО-ДПМНЕ многу скоро ќе ги објави имињата на кандидатите за градоначалници за општините каде се правеа дополнителни мерења и анализи,…

August 20, 2025
ПОЛИТИКА

Муцунски: Благодарение на СДС и ДУИ преговорите со ЕУ не може да бидат блокирани затоа што никогаш и не почнаа

Денес Венко Филипче повторно зборуваше за преговорите со ЕУ, како тие да се блокирани. Но вистината е тажна и едноставна…

September 1, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?