Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ЛЕВИЦА ПРЕДЛАГА РАБОТНО ВРЕМЕ ОД 6 ЧАСА Ќе има поголема продуктивност и помалку отсуства од работа
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > ЛЕВИЦА ПРЕДЛАГА РАБОТНО ВРЕМЕ ОД 6 ЧАСА Ќе има поголема продуктивност и помалку отсуства од работа
ПОЛИТИКА

ЛЕВИЦА ПРЕДЛАГА РАБОТНО ВРЕМЕ ОД 6 ЧАСА Ќе има поголема продуктивност и помалку отсуства од работа

Објавено June 16, 2025 14:07
Сподели
Сподели

Левица предлага намалување на работниот ден на 6 часа без намалување на платите. Ова е поради тоа што власта не сака да ги зголеми платите. Нашиот предлог е конципиран со внимание, да нема буџетски трошоци. Нема наметнато вештачко темпо и сметаме дека доаѓа природно во ова време, соопшти на денешната прес-конференција пратеникот од Левица Амар Мециновиќ.

Осумчасовниот работен ден, како што рече, е остаток од индустриското време и е стандард за полно работно време кое не одговара на овој свет.

– Овој свет кој денес го живееме има зголемена продуктивност, благодарение на технологијата. Обврските на работникот се автоматизираат, дигитализираат и напредуваат на начин што тој веќе не е инволвиран како што бил инволвиран во индустриското време – рече Мециновиќ во Собранието.

Тој посочи дека технологијата напредува, а работниот ден на работниците е исполнет со анксиозност, хроничен замор, исцрпеност и немаат, како што рече, вистински простор за одмор и грижа за семејството.

Предлогот на Левица доаѓа по анализа и посочи дека веќе Исланд, Јапонија, Велика Британија, Шведска, Франција, Германија и други имаат воведено помало работно време или експериментираат со модели за помало работно време. Во  регионот, во мај годинава властите на Црна Гора го намалија работното време.

– Сите анализи покажуваат дека резултатите се јасни. Подобра продуктивност, помало отсуство од работа, подобро ментално здравје и зголемена лојалност кон работните обврски на работниците. Ниедна од овие земји не претрпе економски удар, туку напротив многу фирми пријавија раст – рече Мециновиќ.

Тој, како што рече,  очекува поддршка од партиите за нивниот предлог и апелира да се вклучат синдикатите, здруженијата на работниците, здруженијата кои се занимаваат со работничките права и очекува поддршка од партиите.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Хил: САД ќе се обидат да му кажат на Балканот сам да си ги решава проблемите
Следна Статија Димитриоска Кочоска: Горивата се берзански производ на кој не можеме да имаме никакво влијание

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Тренчевска: Власта живее во паралелен свет, нема одговорност за трагедијата во Кочани

Пратеничката на СДСМ Јована Тренчевска во рамките на амандманската расправа истакна дека власта очигледно живее во некој паралелен свет, не…

July 7, 2025
ПОЛИТИКА

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ за 4 години локална власт ги разочара граѓаните со хаосот и корупцијата во општините

Почетокот на четиригодишниот мандат на ВМРО-ДПМНЕ на локално ниво се оцени како период на разочарувања, нечисти општини, урбанистички хаос и…

August 23, 2025
ПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ за критиките на Ордановски за Трамп: „Тој е близок на СДСМ, дали и Филипче скршнува од прозападниот курс на земјава“

ВМРО-ДПМНЕ утрово преку соопштение реагира на критиките на новинарот, Сашо Ордановски, за претседателот на САД, Донадл Трамп. Од владејачката партија…

February 21, 2025
ЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈАПОЛИТИКА

Мицкоски: Се разгледаа важни прашања од заеднички интерес на денешната меѓувладина седница во Охрид

Премиерот Христијан Мицкоски се огласи по завршувањето на меѓувладината седница помеѓу македонската и Владата на Унгарија. Седницата којашто ја предводевме…

September 27, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?