Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: НАИ како селотејп-коалиција е најголемата политичка измама во последните години, велат од ВЛЕН
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > Blog > НАИ како селотејп-коалиција е најголемата политичка измама во последните години, велат од ВЛЕН
Blog

НАИ како селотејп-коалиција е најголемата политичка измама во последните години, велат од ВЛЕН

Објавено November 21, 2025 16:51
Сподели
Сподели

Од владејачката коалиција ВЛЕН во денешното соопштение до медиумите велат дека „Национална алијанса за интеграција“ (НАИ), предводена од Демократската унија за интеграција (ДУИ), ниту еден ден не функционираше како сериозна опозиција, а заминувањето на неколкумина неколкумина нејзини членови е доказ дека таа е изградена врз интересите на поединците, а не врз тие на граѓаните.

„Селотејп-коалицијата наречена НАИ е најголемата политичка измама во последните години. Последователните заминувања и внатрешниот хаос јасно покажуваат дека овој проект не е изграден за Албанците, туку за лични амбиции спакувани со ПР-трикот на ‘референдумот‘ за фрлање пeпел во очите на Албанците“,се вели во соопштението од ВЛЕН.

Оттаму велат дека на ваквиот развој на настаните предупредувале долго време, а сега тоа станува реалност.

„Албанската опозиција денес наликува на стар шатор што се кине штом ќе задува ветер. Доказ е заминувањето на Мендух Тачи, Аријанит Хоџа, Кренар Лога и на Зијадин Села“,соопштија од владејачката коалиција.

Според ВЛЕН, јасно е дека опозиција што се распаѓа на парчиња му штети на политичкиот систем и ги остава граѓаните без алтернатива.

„ВЛЕН не се радува кога другите се уништуваат оти Албанците заслужуваат сериозност, а не неуспешни експерименти со селотејп“,додаваат оттаму.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Заем од 1 милијарда долари за повторно отворање на нуклеарната централа Три Милји Ајленд
Следна Статија Големо невреме го зафати Охрид, граѓаните да се воздржат од движење

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Blog

Познат моден бренд се враќа на голема врата: Неодамна банкротираа, но најдоа начин да се спасат

Во 2024 година, многу компании мораа да поднесат барање за стечај бидејќи трошоците се зголемија и приходите престанаа. За разлика…

December 19, 2024
Blog

Уште една држава се придружи во БРИКС

Виетнам официјално е примен како „земја партнер“ во БРИКС, како дел од напорите за проширување на растечката група економии во…

June 14, 2025
Blog

Европските контра-царини ќе ја чинат американската економија 22 милијарди евра

Мерките, чие воведување вчера го одобрија земјите членки на ЕУ како одговор на американските царини за увоз на челик и…

April 10, 2025
BlogМАКЕДОНИЈАПОЛИТИКА

Николоски -Лазар: Брза пруга на Коридор 10 и квалитетно поврзување на Скопје со Будимпешта

Изградба на брза пруга на Коридор 10 и квалитетно поврзување на Скопје со Будимпешта, односно поврзување на Македонија преку брза…

September 27, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?