Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Николоски -Лазар: Брза пруга на Коридор 10 и квалитетно поврзување на Скопје со Будимпешта
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > Blog > Николоски -Лазар: Брза пруга на Коридор 10 и квалитетно поврзување на Скопје со Будимпешта
BlogМАКЕДОНИЈАПОЛИТИКА

Николоски -Лазар: Брза пруга на Коридор 10 и квалитетно поврзување на Скопје со Будимпешта

Објавено September 29, 2024 16:26
Сподели
Сподели

Изградба на брза пруга на Коридор 10 и квалитетно поврзување на Скопје со Будимпешта, односно поврзување на Македонија преку брза пруга со пристаништата во Грција и со земјите од Централна Европа била главна тема на средбата на вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и министерот за градежништво и инвестиции на Унгарија, Јанош Лазар. Средбата е во рамки на работната посета на Македонија од страна на делегацијата на Владата на Унгарија која ја предводи премиерот Виктор Орбан.

Ова е проект што ќе донесе големи придобивки за сите земји од регионот, ќе го зајакне економскиот развој и соработка меѓу земјите и ќе овозможи сигурен и брз транспорт на патници и производи. Го фаќаме последен чекор Македонија да се приклучи на напредните технолошки достигнувања во железницата во регионот и затоа овој проект е приоритетен, не само за нас туку за сите земји долж Коридор 10, истакнал Николоски.

Тој на средбата, што се одржа во Охрид, ја потенцирал важноста на поддршката на земјите од Европската Унија за реализација на еден ваков проект бидејќи како што нагласи, брзата пруга е услов за економски развој и подобра комуникација за сите земји од регионот.

На средбата се разговарало и за искустава и практики што се применуваат во двете земји во различни сегменти на транспортот, градежништвото и инвестициите.

Министерот, исто така, информирал и за забрзаните активности за реализација на крупните капитални проекти во Македонија. Тој изразил благодарност за економската поддршка од Унгарија кон нашата земја, потенцирајќи дека средствата од заемот веќе се насочени кон општините за реализација на инфраструктурни проекти.

Билатералните односи со Унгарија ни се на одлично ниво. Унгарија како дел од Европската Унија е стратешки партнер на Македонија и голем подржувач во реализација на стратешките цели на земјата и во делот на политичките и во делот на економските развојни политики, потенцирал Николоски по средбата.

Двајцата министри се согласиле за интензивирање на соработката и унапредување на политиките кои се однесуваат на регионалното поврзување.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Се разгледаа важни прашања од заеднички интерес на денешната меѓувладина седница во Охрид
Следна Статија Од недела дожд, засилен ветер и значителен пад на температурата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Безбедноста на жичницата на Водно е по сите пропишани стандарди, велат од ЈСП Скопје по реакциите дека била небезбедна

Безбедноста на жичницата на Водно е по сите пропишани стандарди. Таа има валиден безбедносен сертификат до 25 септември годинава. Во…

August 18, 2025
Blog

Колона | Прашање до Ерик: Алекса слуша – непријатни посети

Дали писателот на писмото е параноичен во врска со паметните звучници во домовите на пријателите?

February 12, 2026
МАКЕДОНИЈА

Во интервју за „КОД“, новиот директор на АНБ одговори на обвинувањата: Не е прекршен законот при моето именување

Согласно законот, не е дозволено членување во политички партии за ниту еден од вработените. Исто како што е во МВР.…

October 21, 2024
МАКЕДОНИЈА

Магла на патниот правец Демир Капија – Гевгелија и на ГП Богородица

Поради појава на магла се бележи намалена видливост до 100 метри на патниот правец Демир Капија - Гевгелија и граничен…

December 10, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?