Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Народната банка ги презентира макроекономските проекции пред дипломатскиот кор и меѓународните организации
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Народната банка ги презентира макроекономските проекции пред дипломатскиот кор и меѓународните организации
ЕКОНОМИЈА

Народната банка ги презентира макроекономските проекции пред дипломатскиот кор и меѓународните организации

Објавено November 13, 2025 15:31
Сподели
Сподели

Макроекономската слика за домашната економија укажува на отпорност и солиден економски раст, надолно приспособување на инфлацијата и претежно стабилна платнобилансна позиција, којашто обезбедува адекватно ниво на девизни резерви, посочи гувернерот д-р Трајко Славески, кој ги претстави најновите макроекономски проекции на Народната банка за периодот 2025 ‒ 2028 година пред дипломатскиот кор и пред претставниците на меѓународните институции. На настанот, којшто се организира редовно, по секој нов циклус макроекономски проекции на Народната банка, присуствуваа амбасадори, претставници на дипломатскиот кор и меѓународните институции.

Во презентацијата беше наведено дека инфлацијата за целата 2025 година се очекува да изнесува 3,9%, во просек, а во понатамошниот период на проекциите ќе следи патека на надолно приспособување и враќање кон историскиот просек, односно ќе се сведе на 2,5% во 2026 година и 2,0% на среден рок. Постепеното стабилизирање на инфлацијата на среден рок би произлегло од закотвените инфлациски очекувања и ограничените притисоци од домашната побарувачка и увозните цени. Во рамките на есенскиот циклус проекции, согласно подоброто остварување во првата половина на годината, се предвидува забрзување на растот на економијата од 3,5% во 2025 година и на 4% на среден рок, при непроменети оцени за фундаменталните фактори од кои зависи растот. Во услови на јавен инфраструктурен циклус и подобрување на надворешните услови, се очекува дека инвестициите ќе бидат главниот фактор за растот, којшто ќе биде дополнително поддржан од домашната потрошувачка и извозната активност. Економијата ќе биде поддржана и од кредитната активност, чијшто просечен раст би се движел над 7% на среден рок, поддржан од натамошното проширување на депозитната база, при стабилен банкарски систем.

Очекувањата за надворешната позиција на економијата укажуваат на дефицит на тековната сметка од 4,2% од БДП во 2025 година, што претставува одредено продлабочување во споредба со претходната година. На среден рок, за периодот 2026 ‒ 2028 година, се предвидува постепено стеснување на дефицитот и негово сведување на 2,6% од БДП во 2028 година. Се очекува дека финансиските текови, главно во форма на странски директни инвестиции и долгорочно задолжување на државата во странство, ќе бидат солидни во текот на периодот на проекциите, обезбедувајќи целосно финансирање на дефицитот и раст на девизните резерви. Светските услови и натаму се неизвесни и непредвидливи, што создава ризици за економскиот раст, инфлацијата и екстерната позиција, нагласувајќи ја потребата од водење претпазливи домашни макроекономски политики, а пред сѐ политики коишто влијаат врз домашната побарувачка.

Народната банка внимателно, на дневна основа, ги следи макроекономските податоци и ризиците коишто сѐ уште постојат, и како и досега, соодветно ќе реагира. Притоа, гувернерот истакна дека доколку продолжат позитивните движења со намалување на стапката на инфлација и во наредните месеци, и во отсуство на административни интервенции во утврдувањето на платите, Народната банка е подготвена соодветно да реагира во насока на натамошно нормализирање на монетарната политика.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Докторот Цоневски ќе одговара за „екстремна суровост кон животно“
Следна Статија Роналдо: Никој нема загрантирано место во репрезентацијата, па ни јас

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Димитриеска-Кочоска: Приватниот сектор е наш приоритет

Поддршка на приватниот сектор и реализација на инвестиции се приоритет во нашето работење. Најдобриот показател за тоа се бројките. Годината…

December 26, 2024
ЕКОНОМИЈА

Николоски од Солун: Економскиот развој на регионот зависи од инфраструктурното поврзување, имаме амбициозна агенда во патната и железничката мрежа

Започнавме структурни реформи во сите сектори. Имаме амбициозна програма со која започнавме да ја менуваме сликата за Македонија. Ја реализираме…

October 22, 2024
ЕКОНОМИЈА

Стартува новата авиолинија од Париз до Скопје на компанијата „Изиџет“

На Меѓународниот аеродром во Скопје утринава ќе слета авион на нискобуџетната компанија „Изиџет“ со што официјално ќе биде означен почетокот…

April 2, 2025
ЕКОНОМИЈА

Македонски возач казнет во Германија поради надминување на дозволените 90 дена

Проблемот со продолжениот престој на професионалните возачи во Шенген зоната стана актуелен по казната што денес беше изречена во пристаништето…

February 11, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?