Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Народна банка: Сѐ повеќе граѓани плаќаат преку телефон и со картички
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Народна банка: Сѐ повеќе граѓани плаќаат преку телефон и со картички
ЕКОНОМИЈА

Народна банка: Сѐ повеќе граѓани плаќаат преку телефон и со картички

Објавено July 7, 2025 12:48
Сподели
Сподели

Според податоците од платежната статистика на Народната банка, и во првите три месеци од 2025 година граѓаните сѐ повеќе користат мобилни апликации и картички за да плаќаат, наместо да одат на шалтер и да користат хартиени налози.

Како што стои во соопштението на Народна банка, во споредба со истиот период лани, бројот на плаќањата со платни налози пораснал за 2,7 отсто, а вредноста за дури 17,7 проценти. Особено брзо растат електронските плаќања преку интернет или мобилен телефон коишто се зголемени за речиси 13 отсто по број и за над 30 проценти по вредност.

Најголемиот дел од електронските трансакции (над 70 отсто) се направени преку мобилни апликации, што покажува дека телефонот станува омилен начин за плаќање – брзо, едноставно и достапно. И употребата на платежните картички и натаму расте. Бројот на плаќањата со картички е зголемен за 1,1 проценти, а вредноста за 8,6 отсто. Овој раст најмногу се должи на зголеменото купување преку интернет (7,1 отсто), но има раст и кај плаќањата во продавниците (0,6 отсто), стои во соопштението.

Од Народна банка додаваат дека овие бројки од платежната статистика покажуваат дека сѐ повеќе граѓани се префрлаат на дигиталните начини на плаќање.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Јапонски научници пронашле третман за превенција од појава на Даунов синдром
Следна Статија Граѓаните кај министерот за здравство се жалат на мито, непрофесионално однесување, игнорирање пациенти, доцнење во давање здравствена услуга

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Владата и банкарите на средба ќе ги прецизираат условите под кои бизнис секторот ќе може да ги користи парите од унгарскиот заем

Премиерот Христијан Мицкоски и министерката за финансии Гордана Димитреска-Кочоска денеска ќе одржат средба со Македонската банкарска асоцијација на која треба…

November 17, 2024
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Бруто и нето платата во јули е за повеќе од 10,5 % поголема од јули 2024 година

Премиерот Христијан Мицкоски денеска беше во посета на општина Ѓорче Петров каде присуствуваше на увид во градежни активности на спортска…

September 24, 2025
ЕКОНОМИЈА

Заменик министерот за финансии: Трпиме голем притисок од олигарсите

Заменик министерот за финансии Николче Јанкуловски во емисијата „Бизнис 21“ на ТВ21 синоќа рече дека власта трпи големи „притисоци од…

November 21, 2024
ЕКОНОМИЈА

Амазон случајно испрати имејл потврдувајќи отпуштања

Пораката беше испратена по грешка неколку часа пред најавените масовни отпуштања на работници.

January 29, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?