НАСА официјално соопшти дека точно утврдила колку ќе бидат оддалечени астронаутите на мисијата Артемис II од Земјата и дека сигурно ќе го соборат рекордот кој од 1970 година го држеше Аполо 13.
„Сега знаеме колку ќе се оддалечат астронаутите на мисијата Артемис II и можеме да прецизираме дека таа оддалеченост ќе биде без преседан. Посадата на Артемис II – астронаутите Рид Вајзмен, Виктор Глејвер и Кристина Коук од НАСА, како и канадскиот астронаут Џереми Хансен ќе се оддалечат најмногу 252.757 милји (406.773 километри) од својата планетата“, соопшти НАСА.
Претходниот рекорд за најголема оддалеченост достигната од луѓе, поставен во април 1970 година за време на мисијата Аполо 13, изнесува 248.655 милји (400.171 километар).
„Мисијата Артемис II ќе постави нов рекорд в понеделник (6 април), кога капсулата Орион ќе го обиколи најдалечниот дел на Месечината и ќе започне враќање кон Земјата“, додаде НАСА.
It’s official: NASA’s Artemis 2 moon mission will break humanity’s all-time distance record https://t.co/kM5Cyri6vj
— SPACE.com (@SPACEdotcom) April 3, 2026
