Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Насилство во Петровец: Ја тепал и гушел сопругата пред ќерките и внуката
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Насилство во Петровец: Ја тепал и гушел сопругата пред ќерките и внуката
ХРОНИКА

Насилство во Петровец: Ја тепал и гушел сопругата пред ќерките и внуката

Објавено October 31, 2025 19:06
Сподели
Сподели

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за нанесување тешка телесна повреда од член 131 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

-При вршење семејно насилство тој со умисла тешко телесно ја повредил неговата сопруга. По кратка вербална расправија на 28 октомври во семејниот дом, осомничениот 67-годишен жител на селото Петровец физички ја нападнал сопругата, ја удирал со раце и нозе по целото тело и главата, ја гушел и се обидувал со каиш да и ги врзе нозете.

Жената на моменти губела свест, но успеала да се ослободи и преку прозорецот избегала кај соседите за да побара помош. Од семејното насилство се здобила со тешки повреди – скршеници на три ребра и хематоми, информира Обвинителството.

Ценејќи ги сите околности, особено опасноста од бегство на осомничениот, но и веројатноста да го повторува насилството кое го вршел и во присуство на ќерките и малолетната внука, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Откриен гроб со протома од коњ положен на страна кој датира од железното време на локалитетот Исар Марвинци
Следна Статија Мециновиќ: 30 години имаме ароганција од најнеспособните луѓе

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Македонец починал на плажа во Грција

На плажата Карианис во близина на грчкиот град Кавала, вчера починал 80-годишен македонски државјанин и покрај укажаната прва помош, јави…

July 22, 2025
ХРОНИКА

Имал забрана, а возел пијан- уапсен велешанец

На 28.02.2026 во 21:10 часот на автопатот Куманово-Велес, кај клучка Аеродром во Скопје, полициски службеници од Мобилната единица за безбедност…

March 1, 2026
ХРОНИКА

Пожар во куќа во Гази Баба, нема повредени

Куќа во Гази Баба се запалила во вторникот, а пожарот бил изгаснат и немало повредени. Според информациите од Министерството за…

August 21, 2025
ХРОНИКА

За криминал во прилепската болница: Притвор за шест лица, на 19 мерка за претпазливост

Во случајот со Прилепската болница, судот им определи притвор до 30 дена на шест лица, на 19 мерка за претпазливост,…

October 22, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?