Наскоро ќе може да имате дел од оваа вредна колекција: Запленетата гардероба на Боки 13 проценета на 595,6 илјади евра

- Advertisement -

Заврши проценка на луксузната гардероба на Бојан Јовановски-Боки 13, која што му беше одземена поради случајот „Рекет“. Од Агенцијата за управување со одземен имот велат дека проценката е направена на сума од 595.640 евра, пренесе Фокус.

За одземените предмети во случајот Рекет од осуденото лице Бојан Јовановски е изготвена процена и таа е во износ од 36.640.187,00 денари.

Проценката доцнеше бидејќи Бирото за судски вештачења не располагаше со проценител за ваква гардероба. Сега, откако е завршен овој чекор, наскоро се очекува да се отворат 71 вреќа со гардероба, чевли, часовници, чанти и накит, вкупно 1.208 парчиња на број, од познати модни брендови, како Луј Витон, Версаче, Долче и Габана, Гучи, Валентино, Диор… и да се понудат за продажба.

Меѓу запленетата облека беше и упадливата сребрена наметка од Луј Витон, вредна 8.000 евра, која Боки 13 ја носеше на доделувањето на наградите „Стори“.

Сподели ја оваа статија