Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ЦУК: Обилните врнежи од дожд предизвикаа одрони, свлечишта и поплави на повеќе места
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > ЦУК: Обилните врнежи од дожд предизвикаа одрони, свлечишта и поплави на повеќе места
МАКЕДОНИЈА

ЦУК: Обилните врнежи од дожд предизвикаа одрони, свлечишта и поплави на повеќе места

Објавено January 10, 2026 13:46
Сподели
Сподели

Како последица на обилните врнежи од дожд, денеска до 12:30 часот се регистрирани одрони, свлечишта и локални поплави во повеќе региони низ државата, информираат од Центарот за управување со кризи.

Во Штип поради претходните врнежи зачестени се одроните од камења и свлечишта на коловозите, поради што се апелира на зголемена внимателност при сообраќајот.

Во Скопскиот регион, како што информираат од ЦУК, нема нарушување на редовната состојба поврзана со обилните врнежи од дожд.

Во Охрид до 12:30 часот нема пријави за поплавени објекти. Дождот е престанат, а екипите на Кризниот штаб извршиле теренска проверка на критичните точки на реката Далјан кај селата Орман и Дебелополе. Регистрирано е излевање на реката Сушица во делот на улицата „Прилепска“, каде што интервенира ЈП „Нискоградба“ со механизација за спречување на понатамошно излевање. Надлежните предупредуваат дека доколку продолжат врнежите, постои опасност од излевање на реката Далјан кај Косел и селото Вапила.

Во Струга се поплавени дворови на 4-ти Реон кај Мислешевски пат. Надојдената вода од Струшкото поле ги поплавила дворовите каде што има канали за излевање на водите од Струшкото поле. Известени се надлежните служби од Општина Струга, ТППЕ-Струга, РЦУК-Струга и ДЗС-Струга. Екипа на ТППЕ-Струга се на терен и со пумпи за испумпување на поплавените дворови. На патот Дебар – Струга има одрони, известени се службите на Македонијапат – Дебар кои се на терен и го одржуваат патот.

На подрачјето на Велешкиот регион, како што велат од ЦУК, нема нарушување на редовната состојба поврзана со врнежите од дожд и снег.

Во Битолскиот регион, поточно во градското подрачје состојбата е нормализирана и е без проблеми. Во селото Кравари има заезерени земјоделски површини околу 10 до 20 хектари, но нема опасност по куќите и индустриските објекти. Во селата Жабени и Породин има поплавени земјоделски површини од околу 70 до 80 хектари. Излеана е Елешка Река и има поплавено околу 50 хектари земјоделски површини. Водата во Елешка Река се повлекува во коритото. Патот за Буковски манастир е разорно раскопан. ЈП,,Нискоградба“ интервенира со 1 липкер и скип – градежна машина. Интервенира ЈП,,Нискоградба“ на патот од село Буково кон село Горно Ореово, каде што има свлечиште. Поради оштетување на мост од Боишка река на локален пат за село Мренога, истиот е затворен за сообраќај. Заради поројнитете врнежи во изминатите денови дојде до поматување на водата за пиење и се препорачува истата да се преврива најмалку 10 минути.

Нивото на Црна Река кај селото Бучин е покачено, но стабилно и без опасност од излевање, при што насипите се дополнително зајакнати.

Од ЦУК информираат дека во текот на следната недела ЕЛС Крушево ќе формира комисија за пријавување на штети како последица од поројните врнежи од дожд.

ЕЛС Долнени до сега има пријавено штета од еден жител на село Лажани на кого му бил поплавен дворот и приземни простории од куќата, и имал оштетувања и на тутунот. Покрај во село Лажани поплавувања имало и во село Пешталево, и на двете места заради неисчистени канали. Интервенирано е со градежна машина во двете села на расчистување на каналите.

Во Ресенскиот регион, поплавени се земјоделски површини, дворови, куќи и магацини за складирање јаболка. Нивото на Голема Река е зголемено од 1,40 на 1,65 метри, а сите расположливи машини и пумпи се ангажирани за испумпување на водата.

На територијата на Струмица засега нема пријави за направени штети од врнежите од дожд. Во моментот врнежите се со послаб интензитет и засега нема опасност од излевање на реките. Исто така засега нема пријави за одрони и непроодни патишта.

На територија на Општина Куманово, Липково, Ранковце и Старо Нагоричане нема нарушување на редовната состојба од врнежите од дожд и нема излевање на реките. На подрачјето на Крива Паланка, Ранковце и Кратово нема нарушување на редовната состојба, сите патни правци се проодни по влажни коловози.

Во Тетово до 12 часот во северозападниот регион што ги опфаќа Тетово и Гостивар нема пријава за штети, информираат од ЦУК.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Елон Маск најавува историска инвестиција од 20 милијарди долари во Мисисипи
Следна Статија Ова се најатрактивните телевизори на CES 2026

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Бидете внимателни: Ќе има времен режим на овие автопатски делници

Времена измена на сообраќајот од 08.10.2024 до 31.12.2024 година се воведува на автопат А1 делница Велес – Неготино поради изградба…

October 9, 2024
МАКЕДОНИЈА

Денес во Кочани ќе се одржи единаесеттиот „Марш за ангелите“

Денес, сабота, 28 јуни, со почеток во 18:05 часот, во Кочани ќе се одржи единаесеттиот по ред „Марш за ангелите“,…

June 28, 2025
TravelerМАКЕДОНИЈА

Македонија во репортажа на СНН травел: Сè уште постои една прекрасна земја во Јужна Европа

Сè уште постои една прекрасна земја во Јужна Европа со вкусна храна, одлично вино и без туристички гужви – и…

December 4, 2025
МАКЕДОНИЈА

Николоски: Експресниот пат Градско – Дреново е реалност, денеска имаме комплетно завршен пат, од Скопје до Прилеп ќе се патува за час и десет минути

Убаво е кога се отвораат капитални проекти. Пелагонија добива нов модерен експресен пат што ќе значи економски развој и поврзување…

January 14, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?