Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Нема силна економија без силни универзитети, кажа Мицкоски на камен темелникот на новиот кампус на Универзитетот „Мајка Тереза
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Нема силна економија без силни универзитети, кажа Мицкоски на камен темелникот на новиот кампус на Универзитетот „Мајка Тереза
МАКЕДОНИЈА

Нема силна економија без силни универзитети, кажа Мицкоски на камен темелникот на новиот кампус на Универзитетот „Мајка Тереза

Објавено March 7, 2026 14:15
Сподели
Сподели

Нашата визија е јасна – образованието мора да биде темел на развојот на државата. Нема силна економија без силни универзитети, нема модерна држава без образовани и мотивирани млади луѓе, порача премиерот Христијан Мицкоски во обраќањето на поставувањето камен-темелник на нов кампус на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје.

Како што истакна Мицкоски, кампусот ќе се гради на површина од 31.000 метри квадратни и ќе претставува современ академски комплекс со модерни амфитеатри, студентски простор, базен, спортски сали – инфраструктура согласно потребите на современото високо образование. Инвестицијата е вкупно 42 милиона евра, од кои 40 милиони се за изградба, а два милиона за надзор на градбата.

– Оваа инвестицијата е дел од една поширока слика, сликата на образованието што го градиме. Денес поставуваме темел на нешто што е многу повеќе од градежен проект – темел на иднината. Со почнувањето на изградбата на новиот модерен кампус, ја потврдуваме нашата црвста опредлеба да инвестираме во знаење, во младите и во развојот на високото образование. Овој проект е стратешка инвестиција во иднината на државата што ќе создаде современи услови за образвание, научна работа и академски развој – подвлече Мицкоски.

Според министерката за образование и наука, Весна Јаневска, Владата продолжува да ги подобрува инфраструктурните услови за наставниците и студентите.

– Ова е исклучително важен момент, се поставува камен-темелник на најмладиот Универзитет. Ги подобруваме инфраструктурните услови за наставниците и за студентите – да бидат мотивирани, посебно професорите – да обезбедат одлично образование, да им пренесат на студентите знаење и вештини. Верувам дека изградбата ќе оди според плановите и дека за пет години ќе имаме прекрасно здание – храм на науката, образованието, уметноста и на создавање човечки капитал. Очекувам тие што тука ќе работат и ќе учат, да ѝ вратат на државата со стекнување сериозни знаења и вешини, да ја направата земјата поконкурентна – истакна Јаневска.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Nintendo Expands Switch Online’s Virtual Boy And GBA Library With Three More Titles – Nintendo Life
Следна Статија Nintendo Expands Switch Online’s Virtual Boy And GBA Library With Three More Titles – Nintendo Life

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Секој кој ги рекетира македонските граѓани ќе се соочи со кривичен прогон, вели Тошковски

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вечерва истакна дека лично верува оти премиерот Христијан Мицкоски никогаш не би влегувал во…

May 15, 2026
МАКЕДОНИЈА

Николов од Париз: Делиме заедничка визија за обединета, стабилна и солидарна Европа

Односите помеѓу нашите две земји се исполнети со пријателство, меѓусебно почитување и длабока приврзаност кон демократските вредности, кон мирот и…

September 4, 2025
МАКЕДОНИЈА

Николоски во посета на Прилеп

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски денеска ќе оствари работна посета на општина Прилеп. Како што…

April 27, 2026
МАКЕДОНИЈА

Гордана Сиљановска-Давкова: Посакувам Новата година да биде време на исчекор кон траен светски мир

Честитка од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод новогодишните празници, која ви ја пренесуваме интегрално: „Годинава што си оди ќе ја…

December 31, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?