Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Скопје утрово е најзагаден град во Европа
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Скопје утрово е најзагаден град во Европа
МАКЕДОНИЈА

Скопје утрово е најзагаден град во Европа

Објавено December 20, 2024 10:54
Сподели
Сподели

Скопје утрово е најзагаден град во Европа, покажуваат податоците на специјализираната страница за мерење на квалитетот на воздухот „IQAir“. Индексот на загаденост во Скопје достигна 163, што е висока вредност
Прв на листата на најзагадени градови во светот е Делхи во Индија, а по него се Лахор во Пакистан, Акра во Гана, Багдад во Ирак, Кабул во Авганистан, Дака во Бангладеш, Вухан и Ченгду во Кина, Ханој во Виетнам, а на десетто место е Скопје.

Според податоците на „IQAir“, Приштина е на 19-то место, Букурешт на 20-то, Белград на 25-то, Софија на 45-то и Атина на 63-то место.

Иницијативата „Зелен Хуман Град“ на протестниот марш против аерозагадувањето што се одржа на 10-ти овој месец во Скопје побара итно и системско справување со загадувањето на воздухот преку имплементација на ефикасни мерки кои ќе го заштитат здравјето на граѓаните и драстично ќе го намалат аерозагадувањето.

Организаторите на маршот, соопштија дека протестот се организира бидејќи секоја година од 3 828 до 5 000 луѓе во државава ги губат своите животи како директна последица на изложеноста на штетните честички ПМ2.5. Ова претставува 17,7 отсто од вкупната смртност во државата. Особено загрижувачки е фактот дека едно од девет починати деца под една година го губи животот поради загадениот воздух, беше посочено на маршот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ВМРО-ДПМНЕ: Груби со години ја крадел државата а негов соучесник бил Ковачевски, СДС и ДУИ знаеле, молчеле и не реагирале
Следна Статија Протест пред град Скопје: Вработените од „Улица и патишта“ бараат плати и к- 15

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Претседателката Сиљановска Давкова ги потпиша Законот на основно образование и Законот за учебници

Претседателката на државата Гордана Сиљановска Давкова денеска ги потпиша Законот за основното образование иЗаконот за учебници, во кои термините „родова…

April 8, 2025
МАКЕДОНИЈА

Пандов: Затворски банди нарачале да ми се запали куќата, како одмазда за борбата против криминалот што ја почнав

Директорот на Управата за извршување санкции, Александар Пандов вечерва изрази сомнеж дека затвореници или банди во затворите кои се под…

April 30, 2025
МАКЕДОНИЈА

Венко Филипче сликан на аеродром во Венеција како патува во Дубаи

На социјалните мрежи се појавија фотографии од Венко Филипче на аеродром во Венеција како патува за Дубаи. Венко Филипче штотуку…

December 28, 2025
МАКЕДОНИЈА

Платите на функционерите ќе се кратат, Собранието ја утврди потребата за носење на пакетот закони

На 89. пленарна седница Собранието ја утврди потребата за носење пакет закони со кои ќе се нивелираат платите на избраните…

February 25, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?