Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Наследниците на Пиноче мора да вратат на државата ограбени 16 милиони долари
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Наследниците на Пиноче мора да вратат на државата ограбени 16 милиони долари
СВЕТ

Наследниците на Пиноче мора да вратат на државата ограбени 16 милиони долари

Објавено July 27, 2025 18:00
Сподели
Сподели

Суд во Чиле одлучи дека наследниците на поранешниот чилеански диктатор Аугусто Пиноче мора да и вратат на државата 16 милиони долари што ги ограбил и ги чувал на тајни сметки во странство.

Судската постапка е покрената во 2018 година кога Советот за одбрана на чилеанската држава наложил наследниците на Пиноче да ги вратат на државата парите што диктаторот нелегално ги присвоил од средствата на претседателството на републиката, армијата и лидерската позиција во врховната воена команда.

Според шпанскиот весник „Вангардија“, тој ги чувал ограбените пари на тајни сметки во САД, на Бахамите и други места кои биле – даночен рај. Истражната комисија, исто така, утврдила дека по смртта на Пиноче во 2006 година, парите тајно биле префрлени на неговата вдовица, а потоа и на неговите наследници.

Истрагата во САД, исто така, откри дека Пиноче и неговите најблиски соработници тајно чувале милиони долари во американската банка Ригс и други банки во странство.

Клучната пресвртница се случи, пишува шпанскиот весник „Паис“, кога поткомисијата на американскиот Сенат, барајќи ги тајните финансиски текови на терористите кои ги извршија нападите врз Светскиот трговски центар во Њујорк и Пентагон во 2001 година, откри сметки без потекло и под лажни имиња во банката „Ригс“, па истрагата утврди дека станува збор за пари украдени од Пиноче.

Во 2005 година, Пиноче беше изведен пред суд за злосторства извршени за време на неговата диктатура, кога беа убиени илјадници поддржувачи на опозицијата, но тој почина во домашен притвор пред конечната пресуда.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Израел го приведе екипажот на хуманитарен брод, меѓу нив и пратенички од Франција
Следна Статија Таткото на Илон Маск сака да инвестира во БиХ

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Турција нападна цели на курдските милитанти во Ирак и Сирија откако ги обвини за вчерашниот напад кај Анкара

По терористичкиот напад во Анкара, Турција со проектили гаѓаше локации поврзани со курдската милитантна група Курдистанска работничка партија (ПКК) во…

October 24, 2024
СВЕТ

Забранета „Парада на гордоста“ во Будимпешта

Унгарската полиција објави дека ја забранила „парадата на гордоста“ во Будимпешта, која беше планирана за 28 јуни. Во март, унгарскиот…

June 20, 2025
СВЕТ

И Германија се „побалканчи“: Пет години не одел на работа, а земал плата и заработил 600.000 евра

Здружението на даночни обврзници секоја година открива случаи на фрлање државни пари. Овој пат беше даден пример на државен службеник…

October 10, 2024
СВЕТ

По прекинот со струја, денес прекин и на телефонските и интернет врските во Шпанија

Сите поголеми мобилни оператори престанаа да работат во цела Шпанија, само четири недели по претходниот прекин на електричната енергија во…

May 20, 2025
Trending

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • ХОРОСКОП
  • СВЕТ
  • ЗДРАВЈЕ
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?