Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Наставниците есенва ќе почнат со подготовка за проектот „Школи на 21 век“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Наставниците есенва ќе почнат со подготовка за проектот „Школи на 21 век“
МАКЕДОНИЈА

Наставниците есенва ќе почнат со подготовка за проектот „Школи на 21 век“

Објавено September 21, 2025 17:16
Сподели
Сподели

Есенва ќе почне подготовката на наставниците за проектот „Школи на 21 век“ што треба да стартува од јануари 2026 година. Тие, како што информира денеска министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, ќе ги учат алатките на вештачката интелигенција (АИ) и сајбер безбедноста во наставата, како и примената на кодирањето.

Андоновски, одговорајќи на новинарски прашања по прес-конференцијата за претстојниот „Дигиталниот самит на Западен Балкан 2025“, оцени дека АИ во јавниот сектор се уште се користи спорадично.

Кон крајот на есента ќе почнеме со работа со наставниците, а во почетокот на јануари и со школите, најпрво во руралните средини. Паралелно, што се однесува на АИ, ја носиме националната стратегија на ИКТ. До крајот на есента мислам дека ќе помине на Влада. Еден од клучните столбови е АИ што значи дека ќе имаме специјален акциски план и рамка за нејзино прифаќање прво во јавниот сектор, а потоа и во приватниот, истакна Андоновски, одговорајќи на новинарски прашања по прес-конференцијата за претстојниот „Дигиталниот самит на Западен Балкан 2025“.

Министерството за внатрешни работи денеска ја промовираше надградената услуга за електронско издавање на уверение за државјанство која е достапна преку националниот портал за е-услуги uslugi.

Според Државниот завод за ревизија, напомена министерот, имало десетина проекти со употреба на АИ во јавниот сектор.

Тоа не е нешто што е систематски. Јас лично повеќе претпочитам вистински да се користат алатките на машинско учење и АИ во работата, отколку од тоа да се прави само ПР, подвлече Андоновски.

Првата пилот фаза на проектот „Школи на 21 век“ покажала дека наставниците биле многу задоволни од функционирањето, а пристапот бил приемчив и за учениците, покажал проектот за сајбер безбедност кај младите и подигнување на свесноста за ризиците на интернет.

Мислам дека се подготвени и наставниците и учениците полека, алатка по алтка да стигнат до целосна употреба на АИ, но одиме чекор по чекор, рече министерот Андоновски.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Продолжува субвенционирањето на „зелената нафта“, во тек делењето на ваучерите, потврди Мицкоски
Следна Статија Мицкоски: Јасен е победникот на локалните избори, имам доверба во предложените кадровски решенија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

„Стоп за Усје“ за во четврток закажа граѓанска блокада

Граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ најави граѓанска блокада во четврток, 25 декември, со почеток во 18:00 часот, на раскрсницата меѓу…

December 20, 2025
МАКЕДОНИЈА

Нормализиран сообраќајот на делницата Демир Капија-Смоквица

Од денеска се воспоставува нормален режим на сообраќајот по завршувањето на санацијата на тунелите Демир Капија 1 и 2 на…

May 31, 2025
МАКЕДОНИЈА

Од Ѓорче Петров до Центар ќе се патува со шинобус?

Во обид да се подобри јавниот превоз и да се олесни движењето на жителите од периферните населби кон центарот на…

October 8, 2024
МАКЕДОНИЈА

Загинаа врвни доктори од Прилеп, камионот наводно возел во спротивен правец

Двајца врвни лекари од приватната болница „Плодност“ Битола, загинаа утрово во сообраќајката кај индустриската зона во Прилеп на пат за…

October 3, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?