Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Јасен е победникот на локалните избори, имам доверба во предложените кадровски решенија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Мицкоски: Јасен е победникот на локалните избори, имам доверба во предложените кадровски решенија
ПОЛИТИКА

Мицкоски: Јасен е победникот на локалните избори, имам доверба во предложените кадровски решенија

Објавено September 21, 2025 17:19
Сподели
Сподели

Се трудам пораките што ги испраќам да се пораки над ситуација, да се пораки на смирување. Избори се, логично е да постои искра во одредени општини низ Македонија. Би било нелогично ако не е така. Иако е јасен победникот на овие локални избори, ние веќе правиме план за денот потоа бидејќи денот потоа ќе значи силна Влада, предводена од ВМРО-ДПМНЕ и коалициајата и огромен број општини поредводени од владината колицијата. Размислуваме за денот по изборите, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски по поставувањето камен-темелник на Дом за стари лица во Општина Зрновци.

Одговарајќи на новинарско прашање дали е задоволен од предложените кандидати за градоначалници, премиерот вели дека се труделе да бидат објективни и врз основа на она со кое располагале, како информации, да донесат најдобра одлука.

Имам доверба во секој еден од предложените кадровски решенија. Имам доверба дека ќе покажат вонредни резултати. Тука сме ние секојдневно да ја мониторираме нивната работа и доколку гледаме дека имаме намалување на динамиката и темпото на реализцијата на политиките кои се ветени спрема граѓните, да ги опомене. Така што никој не е вечен и никому ништо не е загарантирано и однапред априори дадено. Секој ќе мора да се потруди максимално, мора тоа што се ветува пред граѓаните и да се испорачува, нагласи премиерот во Зрновци.

Премиерот Мицкоски изјави дека како како политичка партија и како Влада покажале дека се подготвени за соработка со медиумите. – И последниот извештај за транспарентност на институциите покажува огромен скок за Владата, не сме први, сме трети, но на подиумот сме и се надевам дека следното мерење ќе бидеме први, рече Мицкоски, додавајќи дека се е подготвено во штабовите, на терен се и се трудат да стигнат секаде.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Наставниците есенва ќе почнат со подготовка за проектот „Школи на 21 век“
Следна Статија Есена почнува во понеделник, на 22 септември: Деновите се пократки, порано се стемнува

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

(ВИДЕО) Филипче: Празните фрижидери се најдобриот демант за приказните за трета економија во Европа

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешаната прес конференција оцени дека економската реалност во која живеат граѓаните е најсилниот демант…

July 11, 2026
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Загрижен сум од нивото на култура на Трендафилов

Премиерот Христијан Мицкоски истакна дека е загрижен од нивото на култура на претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов кој вчера упати…

February 12, 2026
ПОЛИТИКА

Димитриевски реизбран за претседател на ЗНАМ – за наша Македонија

На вториот Конгрес на партијата Движење ЗНАМ за наша Македонија Максим Димитриевски денеска едногласно повторно ја доби довербата и е…

June 29, 2025
ПОЛИТИКА

СДСМ обвинува: Породилното доцни со недели

Членката на Комисијата за здравство на СДСМ, Елена Радеска, денеска обвини дека државата доцни со исплатата на породилните надоместоци, поради…

November 25, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?