Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: НАТО системи пресретнале иранска ракета над Турција
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > НАТО системи пресретнале иранска ракета над Турција
СВЕТ

НАТО системи пресретнале иранска ракета над Турција

Објавено March 9, 2026 16:15
Сподели
Сподели

Балистичка ракета испалена од Иран е соборена во турскиот воздушен простор, соопшти турското Министерство за одбрана.

Според соопштението, ракетата била пресретната од НАТО системите за противвоздушна одбрана распоредени во источниот Медитеран.

Остатоците од ракетата паднале на празни полиња во областа Газиантеп, на југоистокот од Турција, при што нема информации за повредени или материјална штета.

„Уште еднаш нагласуваме дека против секоја закана насочена кон територијата и воздушниот простор на нашата земја ќе бидат преземени сите неопходни чекори, решително и без двоумење“, соопшти турското Министерство за одбрана.

Ова е втор ваков инцидент во рок од една недела. Во четвртокот Анкара објави дека НАТО системите за одбрана пресретнале балистичка ракета која се движела кон турскиот воздушен простор.

Техеран тогаш негираше дека ракетата била испалена од Иран.

Инцидентот предизвика реакција и од генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, кој изјави дека активирањето на членот 5 од Северноатлантскиот договор засега не е на дневен ред.

Членот 5 предвидува дека вооружен напад врз една членка на НАТО се смета за напад врз целиот сојуз, по што останатите членки преземаат мерки за помош на нападнатата држава.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Осум пријавени, а шест повредени лица за семејно насилство
Следна Статија Животот во Македонија поскапе за 2,9%

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Цената на нафтата продолжи да паѓа по најавите за најголемо ослободување на резервите

Цените на нафтата денеска дополнително паднаа, поради извештаите на Меѓународната агенција за енергетика кои предлагаат најголемо ослободување на резерви на…

March 11, 2026
СВЕТ

(Видео) Путин: Оваа криза не започна со рускиот напад врз Украина, резултат е на државниот удар во Украина, кој Западот го поддржа

Рускиот претседател Владимир Путин денес се обиде да ја оправда инвазијата на Украина пред сојузниците, обвинувајќи го Западот за провоцирање…

September 1, 2025
СВЕТ

Русија: Украинците го нападнаа нуклеарниот реактор во Чернобил

Русија денеска го нарече „провокација“ од Киев за уценување на Западот да му испрати повеќе оружје, обвинувањето на Украина дека…

February 14, 2025
СВЕТ

Гаспром ја прекинува испораката на гас за Молдавија: „Ќе останеме без струја и греење“

Рускиот енергетски гигант Газпром соопшти дека на 1 јануари ќе го прекине извозот на гас во Молдавија поради неплатен долг…

December 28, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?