Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Нафтата скокна нa 91 долар за барел
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Нафтата скокна нa 91 долар за барел
ЕКОНОМИЈА

Нафтата скокна нa 91 долар за барел

Објавено March 6, 2026 18:35
Сподели
Сподели

Цените на нафтата денес нагло пораснаа на меѓународните пазари и се приближија до 91 долар за барел, што е резултат на растечките стравувања меѓу инвеститорите дека војната меѓу САД, Израел и Иран може да се одолговлечи, додека снабдувањето со енергенси од Блискиот Исток е загрозено поради блокадата на Ормускиот Теснец.

На лондонскиот пазар, барел нафта попладне се тргуваше по цена повисока за 5,45 долари во однос на вчерашното затворање и достигна 90,86 долари. На американскиот пазар, цената порасна за 7,32 долари и изнесуваше 88,33 долари за барел.

Стравот дека конфликтот може да трае подолго ги потресе енергетските пазари. САД и Израел го нападнаа Иран минатата сабота, по што Техеран возврати со ракети и беспилотни летала кон Израел и кон американски воени бази во земјите од Персискиот Залив.

Иранската армија во средата соопшти дека, поради воената состојба, презема контрола врз Ормускиот Теснец, забранувајќи транзит на танкери од САД и од европските земји.

Во меѓувреме, бројни танкери се закотвени од двете страни на теснецот, а осигурителните компании поради нападите врз неколку бродови го повлекоа осигурувањето за воен ризик.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД се подготвени да обезбедат осигурување за бродовите, па дури и можна воена придружба за нивниот премин низ теснецот.

Во обид да го ублажи растот на цените, Вашингтон во четвртокот ѝ издаде на Индија 30-дневна дозвола за купување руска нафта. Според проценките на Bloomberg, во танкери во азиските води моментално се складирани најмалку 9,5 милиони барели руска нафта.

Сепак, аналитичарите предупредуваат дека ова може само привремено да го намали притисокот врз пазарот. Според експертите од ING, цените ќе почнат стабилно да паѓаат дури кога транспортот на нафта повторно ќе се нормализира низ Ормускиот Теснец.

Причината е што преку овој теснец секојдневно минуваат околу 20 милиони барели нафта, додека Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати преку нафтоводи можат да пренасочат најмногу пет милиони барели дневно.

Дополнително, другите производители, како компаниите во САД кои вадат нафта од шкрилци, не можат брзо да ја зголемат понудата – за тоа би им требале од шест месеци до една година.

Доколку прекинот во снабдувањето од Блискиот Исток потрае, владите најверојатно ќе мора координирано да интервенираат со пуштање на нафта од стратешките резерви за да го стабилизираат пазарот.

Во меѓувреме, Кина им нареди на своите рафинерии да го запрат извозот на дизел и бензин, предупредувајќи дека и други земји би можеле да го следат истиот чекор.

Ситуацијата дополнително се заостри откако претседателот Доналд Трамп во петокот изјави дека од Иран очекува „безусловна предавање“.

Во исто време, Иранската револуционерна гарда соопшти дека извршила напади врз американските сили во базите Ал Дафра во Обединетите Арапски Емирати и Али Ал Салем во Кувајт, пренесе Al Jazeera повикувајќи се на иранските државни медиуми.

Одделни пресметки на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) покажуваат дека барел од нафтената кошница на организацијата во четвртокот поскапел за 7,23 долари, достигнувајќи 90,1 долар.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија МВР: Забраната за управување со моторно возило повеќе не се впишува во возачката дозвола, стапува на сила по добивањето на втората порака
Следна Статија Трамп: Имам неколку кандидати за нов ирански лидер

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Нема договор за минималната плата, но ќе се формира официјална потрошувачка кошница

Нема договор за минималната плата, но ќе има официјална потрошувачка кошница што ќе ја креираат синдикатите, Државниот завод за статистика,…

February 3, 2025
ЕКОНОМИЈА

Трипуновски му врати на Николовски: Нема никаква опасност по ИПАРД-средствата

Случајот со земањето мито од страна на директорот на Агенцијата за поддршка на земјоделството и руралниот развој е јасен показател…

November 8, 2025
ЕКОНОМИЈА

Девизните резерви растат и се повисоки во споредба со периодот пред пандемијата

Нивото на девизните резерви на крајот на минатата година достигна пет милијарди евра и тие се повисоки за околу 50%…

February 8, 2025
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Се доближуваат ставовите во однос на каматата за унгарскиот заем со банкарската асоцијација

Премиерот Христијан Мицкоски денеска по средбата со Македонската банкарска асоцијација на која се прецизраа условите под кои бизнис секторот ќе…

November 17, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?