Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Националната мрежа против насилство врз жените бара одговорност – со име и со презиме
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Националната мрежа против насилство врз жените бара одговорност – со име и со презиме
МАКЕДОНИЈА

Националната мрежа против насилство врз жените бара одговорност – со име и со презиме

Објавено March 3, 2026 18:53
Сподели
Сподели

Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство бара итна, темелна и независна истрага за трагедијата што се случи на 2 март во скопската населба Тафталиџе, каде животот го загубија триесет и едногодишна мајка и нејзината шестгодишна ќерка.

„Според сведоштвата на најблиското семејство, мајката подолг период била жртва на семејно насилство кое било пријавувано во надлежните институции. Доколку се потврди дека институциите имале сознанија, а не презеле соодветни мерки за заштита, бараме со име и презиме да се утврди одговорност кај сите службени лица – од Министерството за внатрешни работи, центрите за социјална работа, јавното обвинителство и сите други надлежни институции.

Оваа трагедија не е изолиран случај. Само во 2026 година веќе се изгубени четири животи како последица на родово базирано и семејно насилство. Според податоците на Еуростат за 2023 година, Македонија е меѓу земјите со највисока стапка на фемициди во Европа што е алармантен показател дека системот за заштита не функционира ефикасно.

Пред само еден месец предупредивме дека новата година започна со загрижувачки пораст на случаи на семејно и сексуално насилство врз жени и деца. Ова што го гледаме не се изолирани инциденти, ова е образец. Образец на недоволна превенција, задоцнети институционални реакции, слаба проценка на ризик и недоволна заштита на жртвите.. Наместо системот да обезбедува навремена заштита, третман и санкционирање на сторителите, сведочиме на пропусти што ја одржуваат и продлабочуваат културата на неказнивост.

Законите постојат, но нивната примена е недоследна и недоволна. Поради тоа жртвите остануваат без соодветна поддршка и заштита, додека насилниците продолжуваат неказнето да ги загрозуваат нивните животи. Бараме:

-Целосна и транспарентна истрага за постапувањето на сите институции во случајот во Тафталиџе, вклучително и проверка дали постоеле пријави/сознанија и какви мерки биле (или не биле) преземени;

-Суспензија на сите службени лица вклучени во постапување, се до завршување на истрагата

-Утврдување индивидуална одговорност за секое службено лице кое не постапило согласно законските обврски;

-Соодветни санкции, вклучително и кривична одговорност и затворски казни за службени лица од МВР, центрите за социјална работа, јавното обвинителство и сите други надлежни институции каде што ќе се утврди дека морале, а не презеле мерки за заштита и/или дека пропустот придонел за фатален исход;

-Најстроги казни за сторителот на насилство;

Итна ревизија на проценките на ризик и механизмите за заштита на жртвите на семејно насилство, како и на практиките за форензичко постапување и истраги во случаи на сомнителна смрт.Животот на жените и децата не смее да зависи од тоа дали системот ќе ја препознае опасноста дури откако трагедијата веќе се случила“, стои во реакцијата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ВИДЕО) Најозлогласениот нарко- бос Ел Менчо е погребан во златен ковчег
Следна Статија Тошковски: За шверцот на марихуана во Србија ќе одговараат сите инволвирани

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Само дома си е дома – Ќе се вратат младите што заминале од Македонија

За време на периодот на транзицијата во земјава од многумина сиромашни видовме како малкумина станаа екстремно богати и затоа има…

April 2, 2026
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски за обвинувањата на Арсовска: Државата има институции, ги повикувам да постапуваат

Премиерот Христијан Мицкоски, во врска со вчерашните обвинувања на скопската градоначалничка Данела Арсовска, истакна дека државата има институции и ги…

July 12, 2025
МАКЕДОНИЈА

Плаколм: Напредните кандидати како Македонија треба да добијат пристап до програмите на ЕУ

За австриската министерка за Европа, интеграција и семејство, Клаудија Плаколм, на земјите од Западниот Балкан кои постигнале значителен напредок, како…

April 11, 2025
МАКЕДОНИЈА

Во зградата на МТВ е отворен шалтер на МВР за „Безбеден град“

Министерството за внатрешни работи соопшти дека од денеска (17.12.2025) во функција е посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во…

December 17, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?