Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Национални шуми превентивно расчистуваат терени и прават обрачи против пожари
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Национални шуми превентивно расчистуваат терени и прават обрачи против пожари
МАКЕДОНИЈА

Национални шуми превентивно расчистуваат терени и прават обрачи против пожари

Објавено May 18, 2025 18:16
Сподели
Сподели

Вработените во Јавното претпријатие „Национални шуми“ активно расчистуваат шумски терени и поставуваат заштитни обрачи со механизација, во обид да се спречат катастрофалните пожари какви што ја зафатија земјата минатото лето, кога изгореа илјадници хектари шума, а беа уништени животи на дивеч и птици.

Заменик-директорот на претпријатието, Кире Михаилов, објаснува дека оваа пракса веќе дала резултати.

„Лани, со поставување на заштитни обрачи успеавме да спречиме целосно опожарување на неколку села под планината Серта“, изјави Михаилов.

Во тек се активности за расчистување на постојните шумски патишта, нивна санација, како и отворање нови пристапи до ризичните зони.

„Тоа значи правење на заштитни обрачи за заштита од евентуални пожари“, додава Михаилов.

Паралелно, се работи на изготвување Национална стратегија за заштита од пожари, преку владини работни групи. Михаилов признава дека ниту една институција во државата досега не била целосно подготвена да се справи со огнената стихија.

Стратегијата ќе предвиди набавка на нова опрема и возила, бидејќи состојбата е алармантна – нашите луѓе лани гаснеа пожари буквално со влечки, без соодветна опрема, без обезбедено здравствено покритие“, потенцира тој.

Според податоците на Европскиот информациски систем за шумски пожари (Коперник), во текот на минатата година во земјава биле опожарени над 94.000 хектари површина.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Урбаните моторџии низ скопските улици во знак на борбата за заштита на машкото здравје
Следна Статија (Видео) Зеленски и Венс се сретнаа за првпат по жестоката кавга во Белата куќа

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Најавеното опаѓање на температурите може да ги загрози земјоделските култури, посебно овошките

Најавеното значително опаѓање на температурите од недела може повторно да ги загрози земјоделските култури, посебно овошните дрвја поради можноста од…

April 4, 2025
МАКЕДОНИЈА

Дома си заминуваат 12 пациенти: Уште 27 се лекуваат во Македонија по пожарот во Кочани

Во клиниките во Скопје се лекуваат 39 пациенти кои со повреди се здобиле во ужасот во Кочани. Од нив, 12…

March 25, 2025
МАКЕДОНИЈА

Луѓето чии животи згаснаа во пожарот во Кочани не се бројка, туку се судбини и личности – вели Мицкоски

Постојат настани во историјата на една држава што не се мерат со време, туку со болката што ја остваат зад…

March 14, 2026
МАКЕДОНИЈА

(ФОТО) Пет години Единица за интервентна полиција

Единицата за интервентна полиција денеска одбележа пет години од формирањето. Во 2019 година единицата беше формирана со спојување на единиците…

December 27, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?