Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: „Нашите ангели заслужуваат правда“, протестен марш на семејствата на загинатите во „Пулс“ во Кочани
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > „Нашите ангели заслужуваат правда“, протестен марш на семејствата на загинатите во „Пулс“ во Кочани
МАКЕДОНИЈА

„Нашите ангели заслужуваат правда“, протестен марш на семејствата на загинатите во „Пулс“ во Кочани

Објавено April 12, 2025 15:01
Сподели
Сподели

Под мотото „Задоцнета реакција“ денеска во Кочани се одржа вториот протестен марш што го организираа семејствата на настраданите во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“.

Симболично, учесниците на маршот тргнаа од Паркот на Револуцијата во 12 часот и 5 минути, со што го искажаа незадоволството од задоцнетата реакција на надлежните институции, како една од причините за големата трагедија.

Во тишина и молк колоната од неколку стотини граѓани помина во Трговскиот центар кратко задржувајќи се пред кафе барот чиј сопственик ја имаше и дискотеката, а оттаму се упатија пред зградата на Општина Кочани каде се наоѓаат и просториите на Државниот пазарен инспекторат.

Со едноминутен молк пред Полициската станица граѓаните го искажаа незадоволството од ненавременото постапување за да се спречи катастрофата, а потоа пред Основниот суд и Основното јавно обвинителство побараа информации за досегашната истражна постапка.

-Бараме отчет за сработеното, беше единствената гласна порака што ја извикуваа пред Обвинителството, а истата беше испишана и на еден од транспарентите.

Граѓаните на маршот истакнаа транспаренти со натписи „Нашите ангели заслужуваат правда“, „Стоп за селективна правда“, „Ова не е несреќа, ова е убиство“ и слично. Потоа се вратија на почетното место во Паркот и најавија дека ваквите протести ќе продолжат сѐ додека не се откријат и казнат виновниците за трагичниот настан.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Полицијата го бара за Кочани: Македонскиот амбасадор во Осло, Кучи, се враќа дома со првиот авион
Следна Статија Вонреден инспекциски надзор на Кардиохирургија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Град Скопје излезе со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух

Град Скопје издаде препораки и мерки за заштита на амбиенталниот воздух откако утринава Министерството за животна средина и просторно планирање…

December 19, 2025
МАКЕДОНИЈА

Гаши за утре закажа седница за надзор на АНБ поради незаконско прислушување

Претседателот на Собранието, Африм Гаши за утре во 11 часот ја закажа на Комисија за надзор над работата на Агенцијата…

September 4, 2025
МАКЕДОНИЈА

Скопје одбележува 62 години од катастрофалниот земјотрес

Скопје денеска ја одбележува 62. годишнина од катастрофалниот земјотрес што се случи на 26 јули 1963 година, кога животот го…

July 25, 2025
МАКЕДОНИЈА

Уставната судијка Јадранка Дабовиќ Анастасовска поднесе оставка

Уставната судијка Јадранка Дабовиќ Анастасовска поднесе оставка. Таа во образложението кое го доставила до собранието вели дека оставката е поради…

December 2, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?