Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Јаневска: Македонија има свои државни симболи – химна, грб и знаме и секој граѓанин треба да ги знае и почитува, како што и доликува!
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Јаневска: Македонија има свои државни симболи – химна, грб и знаме и секој граѓанин треба да ги знае и почитува, како што и доликува!
МАКЕДОНИЈА

Јаневска: Македонија има свои државни симболи – химна, грб и знаме и секој граѓанин треба да ги знае и почитува, како што и доликува!

Објавено December 15, 2024 20:00
Сподели
Сподели

Македонија има свои државни симболи – химна, грб и знаме и секој граѓанин треба да ги знае и почитува. Како што и доликува!, вели министерката за образование и наука Весна Јаневска.

Мене ми е чест што како министерство предложивме законски решенија кои овозможуваат опција за време на патронат, државен празник, на почеток и на крај на учебната година, во училиштата да се интонира македонската химна со согласност од општините.

Во секоја земја, химната се пее гордо и со рака на срце! Тоа нешто значи. Освен запознавање на младите со овој државен симбол, се придонесува за развивање на љубовта и за јакнење на почитта на најмладите граѓани кон сопствената земја. Утре, тие ќе ја водат државата. А кон каква иднина би ја воделе, доколку не ја сакаат и почитуваат? Очекувам мнозинството пратеници во македонското Собрание да ги поддржат законите. Сметам дека сепак, сите треба да придонесеме за младите да се едуцираат во духот на овие вредности.

А оние политичари кои патем, како и сите ние, живеат тука, се образувале тука, се лекуваат, работат и земаат плата од македонски институции, а се противат на интонирањето на химната под изговор дека ќе се нарушела меѓуетничката рамноправност, јасно е зошто го прават тоа. Тие всушност, ја сакаат државата само кога се на власт. Во опозиција не ја сакаат, тогаш Македонија маќеа им е…Особено заради тоа што дел од нив треба да одговараат за грабање на државни ресурси.

Па добро, каде и какви сте вие државници?!

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (Видео) Судир на танкери во Црното Море, едниот се преполови по ударот
Следна Статија (Видео) Украина со дронови го нападна Грозни, Кадиров најави жестока одмазда

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Да се воведат механизми каде нема да се дозволи билатерални спорови да бидат пречка за остварување на колективната и заедничка цел

Премиерот Христијан Мицкски денеска се обрати пред членовите на постојаниот комитет на Парламентарното собрание на НАТО каде истакна дека ова…

April 5, 2025
МАКЕДОНИЈА

Утре во Кочани нема да се одржи „Маршот на ангелите“

Оваа сабота (13 септември) во Кочани нема да се одржи редовниот „Марш на ангелите“, соопшти Здружението на граѓани „16-ти Март…

September 12, 2025
МАКЕДОНИЈА

Бубевски: Најостро ги демантирам клеветите на адвокатката Кадриу

Најостро ги демантирам клеветите и измислените наводи изнесени од адвокатката Лејла Кадриу во интервју во емисијата “Вечерното шоу на Богдан…

February 11, 2026
МАКЕДОНИЈА

Таткото на Фросина најави помасовни протести и бара доживотна казна за Васил

Тодор Кулаков, таткото на младата Фросина која пред недела дена загина во трагична сообраќајна несреќа, вечерва во Дневникот на Сител…

February 4, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?