Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Најавен нов пакет санкции против Русија по синоќешниот ракетен напад врз Киев
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Најавен нов пакет санкции против Русија по синоќешниот ракетен напад врз Киев
СВЕТ

Најавен нов пакет санкции против Русија по синоќешниот ракетен напад врз Киев

Објавено August 28, 2025 16:50
Сподели
Сподели

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска соопшти за нови санкции против Русија по синоќешниот ракетен и напад со дронови врз Киев, во кој беше оштетено седиштето на Делегацијата на ЕУ во украинскиот главен град.

„Синоќешниот напад покажува дека Кремљ нема да запре пред ништо за да ја тероризира Украина, неселективно убивајќи цивили – мажи, жени и деца, па дури и гаѓајќи ја Европската Унија“, рече фон дер Лајен во соопштение за медиумите.

Таа додаде дека две ракети паднале на растојание од 50 метри од зградата на Делегацијата на ЕУ во рок од 20 секунди и дека никој од персоналот не е повреден.

Таа објави дека ЕУ ќе продолжи да врши максимален притисок врз Русија.

„Ова значи заострување на нашиот режим на санкции. Наскоро ќе излеземе со 19-тиот пакет строги санкции. Паралелно, напредуваме во работата на замрзнатите руски средства за да придонесеме за одбраната и обновата на Украина“, рече фон дер Лајен.

Таа објави дека во утре ќе започне повеќедневна турнеја низ седум земји-членки „кои ги зајакнуваат и заштитуваат нашите надворешни граници со Русија и Белорусија“.

„Сакам да ја изразам целосната солидарност на ЕУ со нив и да го споделам напредокот што го постигнуваме во градењето силна европска одбранбена индустрија, особено преку нашиот заеднички одбранбен инструмент SAFE“, рече таа.

Таа прво ќе ја посети Летонија, потоа Финска, Естонија, Полска, Литванија, Бугарија и Романија.

Во синоќешниот руски напад врз Киев загинаа 14 лица, а околу 50 се повредени. За Фон дер Лајен тоа бил најсмртоносниот напад со беспилотни летала и ракети врз украинската престолнина од јули.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ВИДЕО) Ердоган ја покажа турската „Челична купола“ – нов систем за противвоздушна одбрана
Следна Статија (ВИДЕО) Највисокиот мост во светот успешно ги помина тестирањата – ќе ги руши сите рекорди

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

(ВИДЕО) Се судрија патнички авион и воен хеликоптер во Вашингтон, се извлекуваат тела од реката

Воен хеликоптер и патнички авион на Американ ерлајнс се судрија над реката Потомак, во близина на националниот аеродром Роналд Реган,…

January 30, 2025
СВЕТ

(ВИДЕО) Брутално убиени познат рапер и неговата ќерка, во нив се испукани 20 куршуми

Познатиот тексашки рапер Џ.С. Лил Рони и неговата петгодишна ќерка Р`Mани се брутално убиени во автоперална. Трагедијата се случила среде…

March 8, 2025
СВЕТ

Третина од Германците се плашат дека ќе ја изгубат работата поради вештачката интелигенција

Една третина од жителите на Германија се загрижени дека ќе ја изгубат работата поради експанзијата на  вештачката интелигенција (ВИ), покажаа…

August 23, 2025
СВЕТ

ЕКСПЛОЗИЈА ВО ИРАН: Бројот на жртви се зголеми, има и 750 повредени

Бројот на жртви во експлозијата во иранското пристаниште се искачи на 14, а шест се водат како исчезнати. Некои од повредените…

April 27, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?